Тема - Роштиљијада. Прво - да ти дојде да го гризнеш мониторот. Второ - киша није успела да падне. Трето - ја отвора министер за образование. Четврто - Влатко Стефановски. Плус сериозно драматичен вовед - Десетици намерно предизвикани пожари кои никој не се труди да ги гаси.
Саша Џани Ќурчиќ е екс фудбалер на Партизан, Болтон и Астон Вила. 14 игри за репрезентацијата на Југославија. Желба да зборува - сто. Памет- нула. Чујте ја оваа негова халуциногена порака до "англоманијската Србија"
Не сме сигурни како мисли Србинката Јана да успее во силната меѓународната конкуренција на фитнес инструкторки. Ама да пробаме да побуткаме. По нас, Јана има две предности: 1. нуди вежби за едната рака па потоа и за другата рака (?) 2. продолжува да вежба дури и откако ќе заврши песна на Карлеуша.
Не дека и ние немаме тргнато во правец на општа естрадизација, ама, во интелектуална смисла, Србија секогаш ни бегала барем за едно деколте. Неколку фото примери од северниот интелектуален крем.
Класична реакција на балкански мажјак. Ќе се изнервира што не знае да ја поправи колата па ќе му биде крива жената и нејзиниот лаптоп. Мислиме дека се работи за едно блиско море кое името го добило по тоа што во него се фрлаат лаптопи. Црни.
Бизарното рокенрол и поп потекло на некои десетина турбо-фолк хитови. Кеба и Џеј од старт ќе ги фатите како касапеле, Цеца сте ја излижале од слушање не ви текнала.