Балканштина

Кафка да го чуе ова и пак да си умре

Да го погледнат ова видео сите кои веруваат дека на Балканот некогаш - кога било! - може да се фати концептот за правна процедура, прецизен катастар, информациска прегледност, ма што и да е! Значи вака, треба да се дели некоја стара воденица и дел од засегнатите ја објаснуваат ситуацијата и, кхм, структурата на имотот. Кој успее да разбере, му следуваат мининимум 20 драма! 

Што е 18-годишен Србин без Ламборџини?

Жената, инаку мајка на славеникот, Валентино, многу ненамерно на крај дава многу точна опсервација околу целата работа: "Oва се случува само еднаш во животот - ваков автомобил и вакво семејство."

Епидемија на МБК во Бугарија

Обраќањето е на д-р. Китодар Тодоров од Институтот за борба против болеста, кој со воочливо истренирана смиреност без желба за кревање паника посочува дека болеста е опасна и за мажи и за жени. Почетоците на оваа свирепа болест се некаде во 90-те, меѓутоа токму периодов болеста го достигнува својот бум. Еве што има д-р. Тодоров да каже.

Run, Nole, Run!

Двовалентен српски фрик бенд составен од Чедо (рмпалија со суканки и Путин на маица) и Гаги (џуџе) и нивната песна "Ноле император" со која го повикуваат нивниот тениски земјак да се врати во стариот крај. Ете зошто бевме против бомбардирањето на НАТО: ќе загинат невини луѓе а Чедо и Гаги ќе преживеат.

Ноле, издржи

Џабе ти се сите титули ако нема некој да ти отпее патриотска, богољубна песна, во која ти соопштуваат дека и вселената навива за тебе. Ноле, без никаков притисок.

Најглупиот белградски пљачкаш

Во златарата влезе мирен но некако замислен, со она чувство кое го има човек кога знае дека заборавил нешто. Па му текна: "Да бе, маската!" Ја стави и го фати пиштолот најпрофесионално во свет.

Мушка курва

Ентерпрајз од Стар Трек по сè изгледа се има вратено на Земјава и има оставено еден од видовите. Ене го по Србија, со кодно име Драган Савиќ, ѝ пее на некоја секси лејде. Вознемирувачко видео.