Балканштина

Така е, жено златна

Дочекавме Боки 13 да стане политички аналитичар, ама ќе дочекаме ли да запалиме цигара на шанк?

Бугарски пцости и мајки-шајки

Не можете да запознаете еден балкански јазик ако не му ја знаете неговата најразвиена гранка. Согласно нашата мисија, доаѓаме и до оваа битна лекција од бугарскиот. Пред да испрашуваме екстерно, најзабавно е да вежбате интерно. Пример: после секое куртоазно кажано „добар ден“ на некој не баш најдраг комшија или познајник, во себе изговорете „Пожелавам ти да полyчиш анален диcкомфорт“:

Кога (српскиот) јазик е побрз од умот

Во времиња кога човек не знае дали е поургентно да се сочува јазикот или умот, да освежиме со примери од секогаш сочната српска сцена. Ама зошто баш од Србија? Затоа што не е од Финска.

Манифест на едни посакувани избори

Некој да преведе, некој да се нафати да снима и најважно од сè, луѓе да се нафатат така да размислуваат и да гледаат на работите. п.с. А овој што ќе победи, после да не испадне говно.

Реплика на „Вучиќу, педеру“

Српскиот тв водител Иван Ивановиќ направи реклама за својата емисија базирана на идејата на предизборниот спот на Александар Вучиќ (види овде). И пак штосот е на крајот. Овде баш на крајот.

Временска прогноза на денот

Балканската N1 телевизија е франшиза од CNN. И ваљда таму ги учат сè да биде спонтано.

Вучиќу, педеру

Без разлика што мислеле за Александар Вучиќ (не ве тераме да гласате за него, ебаго), ова им е врхунска реклама. На линија на прочуениот скеч на Монти Пајтон (Што тие Римјаните имаат направено за нас?), но главниот шмек доаѓа на крај. Во тоа име....

Добредојдовте во Зоната на самракот

Искрено, не може да му се изначитаме на сајтов откако го откривме пред некој ден. Српски е, се вика Зона на самракот, и се води како - црн таблоид што ќе го прочитате во еден здив. Новинарски, комплетно професионално сработен, со структура на вест, со вовед, со извори, јасен, концизен, со ликови, со тензија во приказната, со сè за да ја личи веста како што треба, и во таа смисла многу поквалитетен од многу работи што ги читате на нет.

Ги знаете ли Очајни домаќинки?

Овие „Очајни домаќинки“ не се ни очајни ни домаќинки, ама па тоа не беа ни оние оригиналните. Онаа на хармоника е по везењето а онаа на бубњеви може да ви закова скеле! Браво цури!

Лажната хрватска принцеза и американските медиуми

1991 година, почнува српско-хрватскиот воен пичвајз. Ненадејното внимание на американските медиуми кон овој простор го искористува извесна лепенка Сузана Радиќ, претставувајќи им се како Сузана Франкипане Анжу Торкватус фон Радиќ, хрватска принцеза и последна жива фиданка од старата кралска лоза. Да ги видите вие тие аристократски кукурек шишки, тие благороднички чатма веѓи, таа ројалски суптилна шминка. Браво ма Суска! 

Бугарска рецензија за „50 нијанси“

Согласно нашата уредувачка политика и лингвистички фетиши, филмската рецензија „50 нијанси поглупо од машка гледна точка: Анастасија и Кристијан отаде логиката“ ја пренесуваме во оригинал. Кој ве ебе, ние сме за тројазичност.