Балканштина

Палма и каратистите

Живописниот градоначалник на Јагодина го прилагодува своето гостопримство според профилот на неговите гости. Прашање е кога ќе му навратат некои порно глумци, да ги издрка поштено.

Преработките на Андрија

Има толку многу генијални утки што по малку срам нè фаќа што досега тие песни сме ги пееле правилно.

Што ти е европейския съюз

Бугарска будалаштина во духот на народните песни и преглуп еротически текст. Кај нас главниот проблем хероината би го опишала како „одамна„ или барем „сто години“. Ама не, Европа си бара педантност: три годии и девет дена. Молим лепо.

Како на хрватски се вика „јебитачно“?

Сцена од Маратонци, даван на ХРТ, со кроатизиран превод. Мислите јебитачно си е јебитачно? Врашки нетачно.

Од Дачиќева уста во Ердоганови уши

Овој па кленов, пее кај стигне. И им гаѓа песни на муштериите. Еве го на Калемегдан, на Ердоган му ја пее Осман-Ага. Живо нè занима како ќе ја изведе „Во Струмица, на улица“. Дал тоа трилерот ќе му биде стабилен, дал ќе му фалат украси а вибратото ќе му биде за нијанса прешироко. И ред други божји заповеди кои сме ги научиле од Звезде Гранда.

Разбирачката е од ќотекот излезена

Сè што разбравме од клипов е „мајмун“, и дека овој во сакото е јак на вилица, како за зборување, така и за примање директи. Инаку двајцата се пратеници во косовскиот парламент и веќе не е ни битно за што збореле.

Никој вака го нема поразено Додик

Не само за Додик, туку и за сите други ајвани кои трабуњаат како некои земји ги нема или како се неодржливи, лекција им држи глумчиштето Јосип Пејаковиќ. И со песна, нормално. 

Како ќе звучеше ако Отпишаните изгубеа од Швабите?

Лабаво, нема тука големи геостратегии. Само двајца прекрасни црепови (Дер Божо и Иван) ја пеат популарната српска свадбарска песна „Данас мајко жениш свога сина“. На германски. Па нема боље!

Кога младиот Бојко хранеше тела

Пар снимки од бугарскиот премиер и неговата прва професионална љубов, како телохранител на Тодор Живков и бугарскиот цар. Снимките изгледаат како да гледате свадба на Цеца од 91-ва.