Македонштина

Баш урбано, баш безбедно

Колку треба да се осеќаш шерифски јако за вака да се понашаш во центар на еден град? Чисто да се потсетите следниот пат кога ќе ве казнуваат што не сте врзале појас.

Slumdog Police

Началството на МВР решило да ни понуди 5 и нешто минутен промотивен материјал во кој ќе открие што сè направиле изминатово време. Спојлер алерт: Примале донации. Ако ви кажеме дека рекламите на Зона ФМ, Шутел, БТР имаат подобра продукција од ова, нема да ни верувате. Од гласот на нараторoт кој звучи како за рецепт за Васина торта, до суптилни нијансирања на текстот, од типот „Набавени 30 видео камери....набавени 4 видео камери“. Језиво реално.

Македонецот секогаш умира од исто

Една Македонштина поставена на епитаф, од далечната 1958 година, значи пред точно 60 години. За рак ќе се најде лек, за ова тешко.