Македонштина

Како изгледа контролата на македонски аеродром

Многумина се почудија ем запрепастија од онаа вест дека на Финска сме ѝ пратиле полн авион заразени косовари поради што итно ги сменија правилата за влез во земјата. Па онда прашања има ли некој увид кој и каков влегува во државава, постојат ли процедури на аеродромите, контрола на авионите... Дечки, Финците имаат право да бидат изненадени. Ние не.

Битно го сменивме името кое нè кочеше

Сега можеме слободно да галопираме кон Европа.

Ушобол на денот

Се вика Благодушка Марулова (којзнае што трол е тоа). Првата песна што ни ја имаше испратено ја слушнавме и за ваше добро - не ја објавивме, по што Благодушка нè имаше прашано, отвораме цитат ZD NEJE KLADENA PESNMATA, затвораме цитат. Но...

Како се вика багра на битолски?

Независна советничка од Битола, инаку здравствен работник, на онлајн состанок ги информира колегите од градскиот совет дека наместо ветените 40% од плата, добила само 92 денари. Претседателот на Советот, извесен Валентин Груевски, ѝ го дава следниов совет: На подарен коњ не му се гледа во забите (?!).