Македонштина

Се моли Заeв да го погали и за опашката

Премиерот деновиве покажа извонредна емпатија па милно погали за муце еден од пластичните сауруси од новиот Дино парк во скопската Зоолошка (види „Апе ли Џек'то?“). Љубителите на природата веруваат дека поради веќе воспоставената комуникација (на рамноправна основа) само тој може да спаси едно кутро дрвце кое против своја волја се нашло на патот на лажната опашка на лажниот ѕвер.    

Џабе ги пцуеме ваквите

Еднаш треба запирање, превртување кола и продолжување со нормалниот граѓански живот.