Македонштина

Македонец го потепа Париз

Се зборува дека на човек му се потребни 200 дена за да го прошета Лувр. Не и за него. Нему од прва му е јасно дека градот на вљубените е „жива курветана“, дека сè е сиромаштија и дека таму е цела Африка. „Liberté, égalité, fraternité?“ Ма не. „Башибозук!“ - ќе пресуди овој суптилен и неподмитлив рецензент на француската култура.

Пехчево / Megastructures

Од Малешнет:
„Општина Пехчево заврши со поставување на нов пешачки мост кој ги поврзува булеварот (????) "Равен" и улица "Индустриска".

Дуци е цар. Точка.

Дечкото го знаете од Фчерашни каде што во целата таа креативна екипа, тој беше МВП. Вонсериски талентиран, сега нашол еден сосема поинаков формат, ама кога те бива, те бива. Урнебесен е и ја прави моментално најсвежата мк содржина на интернет. Пократко кажано, рикаме ко магарици.