Македонштина

„Важно се гради“

Не влезот во продавница на Анхоч во Ѓорче Петров.

MK ви е на дното

Купено во ДМ Македонија во ГТЦ.

Како изгледа вечера за тазе мајка

Науката: Мајки доилки, особено во летен период, треба да јадат што повеќе течна и разновидна храна.

Клиниката за детски болести:

 

Новоговор: Хјуџ џрни со многу бампс ин д роуд

Никола е млад и успешен претприемач кој стигнал до еден милион некои пари ама не стигнал до доста зборови од неговиот мајчин јазик. Како него денес зборуваат сè повеќе млади, а некогаш за ваквите хибридни крпеници јако им се потсмевавме на гастарбајтерите. Јасно е дека технологијата носи странски термини кои неретко се непреводливи, но толку ли е тешко да ти текне дека наместо „хјуџ“, и „голем“ ќе ти заврши работа? Ама и за тоа треба „перзистанс“.