Македонштина

Македонска психоделија

Слободно на рипит, слободно! На крајот од денот ќе зборувате онака како што оваа возрасна машка сирена пее. Некако течно, некако на бранови, некако како грамофон со не баш константна брзина на вртење. Верувајте, нам ни е втор ден како зборуваме така.

Многу сме напред

Светот летово го гледаше отворањето на Дени Бојл, го проследи стигнувањето на Марс, читаше за откритијата во ЦЕРН.... Во меѓувреме, во Македонија:

#поскапување

Предилинденски и скроз недругарски, парното поскапе, струјата скокна за 10%, плус дневната ефтина отиде во неповрат.  Дел од реакции на Твитер околу целата работа.