Таг: сп катар 2015

Диви се повлече од репрезентацијата

Петар Ангелов - Диви, еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот ракомет преку својот Фејсбук профил објави дека ја завршува репрезентативната кариера.

Следните предизвици на Кире и другарите

Македонската ракометна репрезентација ја оствари најдобрата позиција на досегашните четири учества на Мундијалите. Деветтото место делуваше разочарувачки за нашите ракометари во Катар, но тоа има реални шанси да им ги исполни соништата.

Франција се врати на светскиот ракометен врв

По елиминацијата во четвртфинале на минатиот Мундијал, моќната ракометна велесила повторно го освои златниот медал на кој се радуваше во 1995, 2001, 2009 и 2011 година. Среброто оди кај домаќините кои станаа прва неевропска земја со медал, а Полска е трета во свет.

Чраповски: Ова е срам за ракометот

Револтирани од начинот на кој судеа, репрезентативците на Полска по завршувањето на полуфиналето против Катар со ироничен аплауз ги испратија судиите, а резултатот сметаат дека бил однапред договорен.

Катар во финале на мегдан со Франција

Втората полуфиналната мега пресметка на Светското ракометно првенство му припадна на четирикратниот освојувач на златото. Таму го очекува дуел против домаќинот кој направи сензација откако претходно ја совлада Полска.

Игор Вори, 2 дел

Диего Коста и Игор Вори, тоа се тие двајца момци кои деновиве имаат големи испади на терен. Фудбалерот на Челси ги газеше играчите на Ливерпул, а Вори освен перверзни фаули, почна да набива глави на паркет на вчерашното четвртфинале против Полска.

Атракција на Пољаците од зад грб

Селекциите на Полска и Хрватска играат доста неизвесен натпревар каде во тек е стартот на второто полувреме, а потегот на денот за време на четвртфиналните дуели во Катар, кој може да влезе во трка за гол на Мундијалот е оној на Крајевски во 21 минута.

Четвртфинална битка на “џинови“

Шест години откако го освоија бронзениот медал, Пољаците пристигнаа во Доха не само да обезбедат квалификации за Рио, туку и да се вратат на подиумот. Дуелот против Хрватите е реприза од полуфиналето на СП 2009, кое го добија домаќините под водство на Лино Червар.

Прво место за Борко и Гоце

Најдобрата асистенција од групната фаза на СП Катар ја имаа Мојсо и Столе, а ИХФ направи топ 5 листа на потези кои го одбележаа првиот осминафинален ден. Првата позиција оди кај одбраната на Ристовски и брзата контра на Георгиевски на мечот против Словенија.

Најефикасни во Хрватска, најдобри во Катар

Зацртаната цел на македонските ракометни репрезентативци кои отпатуваа во Катар со план да стигнат до четвртфинале, не се оствари. Но билетот за Рио 2016 сè уште е достижен, а конечниот пласман на ова Светско веројатно ќе им биде најдобар до сега.

Баерн не ги слушал камшиците во Арабија

Германската јавност отвори голема дебата во врска со одлуката на баварскиот клуб да одигра пријателска средба во Саудиска Арабија, во моментот кога во градот Ријад јавно бил камшикуван познат саудиски блогер.

Најдобрата аситенција во изведба на Мојсоски и Стоилов

Светската ракометна федерација направи топ 10 листа на најатрактивни потези од групната фаза на Мундијалот. Најдобрата асистенција е дело на Мојсо и Столе, кои направија чиста гол шанса за Манасков, а најдобрата контра е онаа на Тимур Дибиров.

Најсрамниот фаул на СП Катар

Ракометарот на ПСЖ, Игор Вори кој со Хрватска го мина Бразил во осминафиналето, доста непристојно играше во одбрана.

Ниту четвртфинале, ниту Олимпијада

Македонската ракометна репрезентација пропушти историска шанса за прв пат да избори пласман меѓу осумте најдобри селекции во светот. Словенија беше фаворит според кладилниците, а тоа го докажа и на терен со победа од 30:28.

Да го дополниме видеово со победа против Словенија

Осминафиналната балканска битка против Словенија на СП Катар 2015 е шанса, овој зрел и искусен состав на ракометари да испише нова ракометна историја, а тоа е пласман меѓу најдобрите 8 екипи во светот и потоа квалификации за ЛОИ во Рио 2016-та. 

Комбинациите во Катар и како да стигнеме до Олимпијада

Избраниците на Обрван до сега завршија пола работа за да ја остварат посакуваната цел во Катар. Евентуален пласман во четвртфинале, ќе значи и можно соочување против Франција кое најмалку го посакуваме, но пораз не значи дека остануваме без шанси за Рио.

Ваков те сакаме и против Македонија

Македонија и Австрија денеска играат меч за втората позиција во нашата група на СП Катар, а ние силно ќе навиваме пеналите да им ги изведува Раул Сантос кој вака нишанеше против Иран.

Македонија не го мина четвртиот испит во Катар

Македонската ракометна репрезентација одигра јуначко прво полувреме против силниот противник кој го водеше со +4, но битката ја загубивме во вторите 30 минути и Хрватска го доби мечот со 29:26.

Вугринец сака да игра во Рио на 41 година

По неуспешните обиди на РФМ да го ангажира Словенецот за ЕП 2014 година, Ренато Вугринец конечно доби зелено светло од ИХФ да го облече црвено-жолтиот дрес. Амбициите го водат до Рио Де Жанеиро.

Будимир: Против Хрватска со агресивна одбрана до тепање

Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров (2002) и Шлагелсе (2004), вели дека Македонија мора денеска да оди на победа. Таа смета дека дуото Јоновски-Марковски ќе заврши работи во одбрана, а најголемата разлика во ракометот според неа е во голманите.

Како се менува расположението кога Македонија прима гол

Видеото е од вчерашниот меч против БиХ во момент кога нашите навивачи очекуваат одбрана на Борко.

На Хрватите не им е баш сеедно против нас

Откако двете селекции победија на трите воведни средби, утрешниот дуел во Доха ќе биде право балканско дерби кое би можело да биде клучно за првата позиција во групата Б.

Потреси во француската селекција, сменет капитенот

По неделниот триумф против Египет, а во пресрет на вечерашниот против Исланд, селекторот на француската репрезентација, Клод Онеста одлучи да го смени долгогодишниот капитен Жером Фернандез.

Македонија е осминафиналист на СП Катар

По победите против Тунис и Иран, четата на Ивица Обрван ја збриша и селекцијата на БиХ и со максимален ефект од три победи на три средби веќе обезбеди пласман во следната фаза.