Таг: сп катар 2015

Падна и Иран, но не убедливо

Македонската ракометна репрезентација стигна и до вториот триумф на Мундијалот во Катар, но аутсајдерот во групата се покажа како тврд оред кој го совладавме со 33:31.

Дувњак годишно заработува колку Модриќ за еден месец

Катар во следните две неделни ќе биде збирното место на светскиот ракометен крем, но светските ракометни ѕвезди не може да си ги мерат џебовите со фудбалските.

Македонската машинерија го сомеле Тунис

Македонската ракометна репрезентација имаше отворање од соништата на четвртото учество на ракометните мундијали. Најсериозниот конкурент на Македонија за втората позиција во групата беше преслаб за избраниците на Ивица Обрван кои одиграа беспрекорен меч.

Ремек делото на Катарците од близу

„Лусаил“ арената ќе биде главното седиште на Мундијалот во кое и Македонија денеска ќе стартува против Тунис. Се градеше две години на површина од 127.000 м2, собира 15.300 гледачи и чини 318 милиони долари.

Запознајте ги противниците на Лазаров и другарите

Со свечено отворање вчера започна СП во Катар, каде домаќинот го совлада Бразил 28:23. Денес стартуваат натпреварите од првото коло во сите групи, а за нас најинтересна ќе биде групата Б, каде ќе се борат нашите ракометари.

Рангирањето на Светските ракометни првенства

Селекцијата на Унгарија го бележи најдобриот прогрес на ракометните Мундијали, Јапонците одиграле најлошо како домаќини, а најголемиот малер во финалињата е Данска.

Каубојците и триколорите стари ракометни ривали

Во пресрет на почетокот на СП во Катар, светските букмејкери повторно ги издвоија Франција и Хрватска меѓу главните фаворити за самата завршница. Нивното ракометно ривалство датира две децении.

Верната публика и левораката легенда се клуч за успехот

Официјалниот сајт на СП Катар 2015 направи подробна анализа за нашата ракометна репрезентација, која утре по четврти пат во историјата ќе се појави на најголемиот светски ракометен собир.

СП Катар: Домаќинот во поход со странски легионери

Утре во Катар започнува 24. Светски шампионат во ракомет, настан на кој репрезентацијата на Македонија по четврти пат ќе се појави на еден Мундијал. За првпат во историјата домаќинот на СП ќе има повеќе странски ракометари, отколку домашни.

11 ѕвезди кои ќе го пропуштат СП Катар 2015

Светскиот ракометен Мундијал во Доха ќе го собере кремот на овој спорт во периодот од 15 јануари до 1 февруари. Голем број на важни играчи нема да бидат дел од спектаклот поради повреда, силна конкуренција или поради тоа што нивните селекции не се пласираа. 

Триколорите не’ отрезнија пред Светското во Катар

Фаворитот број еден за светското злато, репрезентацијата на Франција убедливо ја победи нашата селекција на турнирот во Нант 30:20 . Аргентина претходно го освои третото место, откако го совлада Алжир 21:20.

Македонските репрезентативци во Катар ќе грицкаат семки

Производителот на спортска опрема Ли Нинг направи три различни варијанти на дресови за македонската ракометна репрезентација која на 16 јануари ги почнува настапите на СП Катар 2015. На сајтот на РФМ пред една недела беше презентиран само горниот дел, а на денешниот тренинг ги видовме и шорцевите.

Обрван го објави списокот за СП Катар 2015

Селекторот на македонската ракометна репрезентација со проверени сили ќе патува на ракометниот Мундијал кој стартува на 15 јануари.

Македонија во балканска група на ракометниот Мундијал

Македонската ракометна репрезентација ги избегна непосакуваната Германија и останатите големи ракометни велесили на СП Катар 2015 и ќе биде дел од групата Б заедно со Хрватска и БиХ.

Потоп над Грција пред патот за Катар

Македонската ракометна репрезентација ја прегази Грција во реванш пресметката од баражот за Светското првенство кое се игра наредната година. Со убедлив триумф од 12 голови разлика, избраниците на Ивица Обрван приредија ракометно шоу во преполнетата сала „Борис Трајковски“.

Македонија ја освои Атина

Македонската ракометна селекција ја доби првата меч топка против Грција во бараж мечот за Светското првенство во Катар 2015. Избраниците на Ивица Обрван не блеснаа на гостувањето кај нашиот јужен сосед, но успеаа да ја оправдаат фаворитската улога.

Обрван го објави списокот за дуелот со Грција

Ивица Обрван, селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, го објави поширокиот список на играчи за престојниот двомеч со Грција.

Македонија против Грција за СП 2015

Ракометната репрезентација на Македонија денес го доби противникот за пласман на Светското првенство во 2015-та година. Во баражот за првенството во Катар ќе се сретнеме со Грција.