Македонија против Грција за СП 2015

Ракометната репрезентација на Македонија денес го доби противникот за пласман на Светското првенство во 2015-та година. Во баражот за првенството во Катар ќе се сретнеме со Грција.

На ждрепката во Хернинг, Македонија во бараж натпреварот го доби најпосакуваниот противник - репрезентацијата на Грција.

Со пласманот на 10-та позиција на Европското првенство во Данска, македонската ракометна репрезентација се најде во привилегираната група заедно со селекциите на Полска, Исланд, Унгарија, Шведска, Русија, Белорусија, Австрија и Србија, односно екипите кои се пласираа од 5-то до 13-то место.

Во другиот барабан како потенцијални противници беа репрезентациите на Чешка, Норвешка, Црна Гора, Германија, Босна и Херцеговина, Грција, Литванија, Романија и Словенија.

Натпреварите за пласман на Светскотп првенство кое ќе се одржи во Катар во 2015-та година се закажани за 7/8 јуни и 14/15 јуни.

Двојки за пласман на СП 2015:

Унгарија - Словенија
Романија - Шведска
Полска - Германија
Грција - Македонија
Србија - Чешка
Русија - Литванија
Босна и Херцеговина - Исланд
Австрија - Норвешка
Црна Гора - Белорусија