Таг: кокаин

Бела Европа

Студија рангира 60 градови од 19 европски земји според потрошувачката на кокаин во нив, и вади резултат дека од топ 5, три се швајцарски градови. Што и не е чудо во конкуренција во која има 14 градови од Финска и 10 до Белгија, а ни еден од Романија, Бугарија или Србија.

Навивачка влечеше кокаин среде меч во Јужна Америка

Додека цела трибина го славеше голот на Роке Санта Круз за Олимпија Асунсион против Жуниор, една навивачка од Парагвај имаше друга занимација.

ФИФА ја преполови казната, Гереро ќе игра на Светско

Капитенот и најдобар стрелец во историјата на Перу Пауло Гереро ќе го оствари својот сон да заигра на едно Светско првенство, откако ФИФА му ја намали казната поради допинг.

Цел живот гинеш за репрезентација и не играш на Светско поради кокаин

Најдобриот стрелец во историјата на селекцијата на Перу и центарфорот кој на 18 години кинеше мрежи во дресот на Баерн Минхен нема да го оствари животниот сон да ја поведе својата земја на еден Мундијал.

Како најголемата заплена на кокаин во Колумбија ќе влијае на светската залиха?

Во средата претседателот на Колумбија објави дека тамошната полиција запленила речиси 10,9 тони кокаин, рекордна количина што успеале да ја ожнеат во една акција.

Секс, дроги и нуклеарни подморници

Членови на екипаж на британска нуклеарна подморница се отпуштени од службата откако испаднале позитивни на дрога. А во подморницата паѓало и секс.

Големиот мангуп на италијанскиот фудбал и идол на навивачите на Сампдорија

Трет стрелец во историјата на Сампдорија каде повеќе го сакаат од Манчини, Верон и Џанлука Вијали. Три пати паѓал на допинг-тест поради кокаин. За Фиорентина вели дека му била жена а Сампдорија љубовница.

Зошто џандар гледа во бетонски блок?

Бразилската федерална полиција по 2-годишна истрага открива зошто некој од Бразил би испраќал готови бетонски блокови тешки по неколку тони во Европа со брод. Вие ќе откриете за околу 3 минути.

Грчец колинг

Бразилска полиција прави рација на локални нарко-дилери и нивниот погон за пакување. Според количината кокаин што од таму излегува на улица очекуваат дека ќе начекаат полн погон луѓе. Кога тоа, нарко-дилериве да ти се апгрејдувале како да се на грант од ИПАРД и немаат жив човек туку целата работа ја врши машина.

Подемот на албанските нарко-дилери во Британија

Првично познати по управувањето на борделите (во ултра вносниот центар на Лондон) благодарејќи на шверцот на бело робје и оружје од војната во Косово, албанските криминалци во Британија полека станаа главни играчи во уште еден сегмент на британското подземје: продажба на дрога.

Кој е британскиот тенисер кој падна на кокаин

Дан Еванс е 50-ти на АТП листата и важи за еден од подобрите тенисери на денешницата, но паднал на допинг тест минатиот 24. април и го чека долга суспензија. Важеше за „нагазна мина“ на кладилничарите кои играат од ’допуна’.

Адолф Хитлер како Тони Монтанa

Во 1944 година било веќе јасно на каде оди војната и се гледале контурите на германскиот пораз. Но, на брифинзите Хитлер пукал од оптимизам а генералите се прашувале кое ли е неговото тајно оружје.

Не е до белото, до мозокот е

Тоа што некои стануваат зависници од кокаин првично беше објаснето со погрешни проценки, односно дека начинот на кој дрогата зафаќа одредени делови од мозокот спречува одредени луѓе правилно да расудат меѓу минатите грешки или да разликуваат што е добро, а што е погрешно. Сега позицијата е ревидирана на - некои луѓе имаат генетски предиспозиции за зависност од дрога.

Дали вотка-ред бул има ист ефект како кокаин?

Неволни да веруваат на резултатите на научниците од Пердју Универзитетот (според кои одговорот на прашањето е позитивен), Вајс собира група дилери на кокаин да го кажат своето мислење околу темата.

Маркетингот на дилерите од Рио

Кокаинот таму оди во пакетчиња со олимписки кругови и прописно предупредување да не се користи во близина на деца. Профи.

Кога Фаулер шмркаше линија гол-аут

Градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон одиграно во 1999. година ќе остане запаметено по неверојатната прослава на голот на Фаулер. Легендарниот шпиц тие денови беше обвинуван од навивачите на Евертон дека шмркал кокаин, го провоцираа за време на мечот, а кралот на КОП-от им возврати така што го прослави голот со симулација на шмркање кај гол-аут линијата. ФА го казни 4 меча.

6 производи на Амазон што дефинитивно не се за кокаин

Како најголемата он-лајн продавница во светот, Амазон апсолутно не ни помислува да продава аксесорис за какви било нелегални активности, вклучително и за кокаин. Истото ова сосема јасно го имаат нагласено и продавачите на овие производи на Амазон.

Храна и бело

За следниот рецепт ви треба кредитна картичка, бел прашок и банкнота од 500 евра. Со рецептот ви препорачуваме вино од долината на Џек, Џони или Џејмисон.

Англија во кокаинска криза за време на Мундијалот

Ако има нешто што Англичаните повеќе сакаат од кокаин, тоа е фудбал. Кога ќе ги искомбинираш двете, со распоред на Мундијал во кој натпреварите завршуваат во 3 часот наутро, го добиваш аранжманот од соништата. Само наместо перфектен месец, за време на најголемиот фудбалски фестивал на Англичаните им се случува досега невидена кокаинска суша.

На кои дроги е Европа?

И според последниот европски извештај за наркотиците, на Стариот континент дрогите се чувствуват ко дома. Само канабис и кокаин се троши 2.000 тони годишно. Конкретно по земји ситуацијата изгледа вака:

Расизмот го уби кокаинот во Кока-кола

Инспирацијата за Кока-кола доаѓа од пијалакот на еден француски хемичар кој комбинира кока и вино. Американците прават своја верзија, во која заради прохибицијата виното го заменуваат со пченкарен сируп и добиваат Кока-кола. Неколку години подоцна тие мораат да го извадат кокаинот од пијалакот, не заради прохибиција, туку заради расизам.

Бразил троши 18% од светскиот кокаин

Моментално во Бразил има околу половина милион повеќе корисници на кокаин отколку што вкупно има луѓе во Македонија.

Економијата на подземните нарко тунели

Во изминатите 3 години само во Аризона се откриени 22 подземни тунели исклучиво наменети за шверц на дрога во САД. Она што е проблем е што веројатно уште исто толку се ископани до сега.