Таг: гугл

Крајот на џиновите?

Гугл собира 77% од парите за реклами во резултатите од пребарување. Гугл и Фејсбук контролираат 56% од пазарот на реклами на мобилни уреди. На Амазон отпаѓа 70% од целата продажба на е-книги и 30% од е-трговијата во САД. Низ Фејсбук минуваат 75% од сите инстант пораки, кога ќе се собере сообраќајот на ФБ месинџерот, Вотсап и Инстаграм пораките.

Бизнисот со вести е пред дното

Конзорциум издавачи на весници одлучи проблемот со пропаѓањето на бизнисот со вести да го решава со колективно преговарање со најголемите злотвори (и помагатели (и злотвори)) на медиумите - Фејсбук и Гугл.

Капитализмот на Епл вс. капитализмот на Гугл

Пред само 8 години ни една од двете компании не е меѓу 10-те највредни компании на светот, а нивната заедничка пазарна вредност се проценува на помалку од 300 милијарди долари. Денес Епл и Гугл се двете највредни компании на светот заедно проценети на 1300 милијарди долари. И цело време, каде стигнат, двете компании се во судир меѓу себе, дали тоа биле смартфони и оперативни системи, или аудио уреди и автомобили.

ЕУ го казни Гугл со 2,42 милијарди евра

Европската комисија одлучи дека Гугл треба да плати 2,42 милијарди евра за тоа што ја злоупотребил својата моќ за промовирање на сопствениот сервис за шопинг во првите резултати од пребарувањето.

Руските хакери ја користат инфраструктурата на Гугл за да хакираат Гмаил корисници

Успешноста на методот со кој се нападнати околу 200 корисници на Гмаил, меѓу кои и новинари, активисти, луѓе поврзани со украинската армија и сл, во најголем дел зависи од корисникот што е нападнат, без чиј клик ниту еден напад не може да биде успешен. Секако и самите напади се совршено осмислени.

Што сè излезе на првиот ден од Гугл I/O

Андроид О, Гугл ленс, печатени фото-албуми, попаметни апликации за по дома, виртуелна реалност, ама не и нов смартфон. Барем не за сега.

Цртај бе братучед, цртај

Не можеш ти да бидеш толку неспособен за цртање колку што Гугл може да те поправи. Сепак, како што се покажа во нашиот случај, можеш. Ама тоа не значи дека нема надеж за вас.

Чевличката на Пепелашка и други аналогии: нов речник на технолошки жаргон

„Енкрипција“, „анонимизација“, „машинско учење“, „нет неутралност“...Технолошкиот жаргон знае да биде комплициран за оние вон ваквите професии, на кои тие треба да им бидат објаснети како на петгодишно дете. На пример - со аналогии.

Вашата нова шивачка се вика Гугл

Едно време беа Бурди, бележења со сапунче и шпенадли со топчиња во различни бои. Сега на ред е апликација што една недела ќе собира податоци за вас за на крај да ви го понуди идеалниот дизајн на она што треба да го облечете.

Зошто Епл и Гугл се запнати за сончева енергија?

Со многу помалку галама отколку кој било претходен проект, во август Епл доби дозвола за продажба на вишокот електрична енергија што ја генерираат на соларната фарма во Калифорнија купена минатата година.

Што се пофалија вчера од Гугл

Раскинување со Нексус и нов Гугл телефон под брендот Пиксел (и ќе има 3,5 милиметарски влез за слушалки), конечно унапредена и надградена верзија на Хромкаст и Гугл Асистент кој во рецензиите е претставен како паметна верзија на Сири, се дел од работите од годинешниот Гугл настан.

Гугл се откажува од составување модуларен телефон

Заради проценка дека многу се имаат распленето со хардверот, Гугл одлучи да го укине проектот Ара, чиј амбициозен план беше создавање модуларен смартфон (во основа, телефон чии делови можат да се менуваат како Лего коцки).

Гугл би да ги укине пасвордите

Следниот месец Гугл ќе почне со тестирање на алтернатива на пасвордите, која во случајот со корисниците на Андроид ќе биде комбинација од нивното лице, навиките за пишување и како се движат.

Гугл части гигапикселни фотографии на славни дела

„Голем дел од убавината и моќта на уметноста е во деталите" - вака почнува соопштението за јавноста издадено од Институтот за култура на Гугл, со кое се промовира нивниот уметничко-архивистички проект.

Зошто ЕУ му се пушти на Гугл, а не и на Епл

На кратко, Европската Комисија одамна му го имаше удрено меракот на Гугл, па доминантноста на Андроид само им легна на веќе постојната истрага против нив, а не дека Епл со Иос се нешто многу подобри.

Трите проблеми што Европа ги има со Андроид

По неколку месеци неизвесност ЕУ и официјално го обвини Гугл за монополско однесување околу Андроид оперативниот систем. Ставот на ЕУ е дека Гугл ја користи доминантната позиција на Андроид за да ги промовира сопствените апликации и производи, на сметка на конкуренцијата.

Гугл ја укина првоаприлската шега за годинава

За Гугл сè се развиваше по план со зезалицата за 1-ви април, се додека во текот на денот не им се нафрлија повеќе луѓе кои тврдеа дека денес биле отпуштени од работа заради шегата на Гугл.

Епл одби да го отвори телефонот на убиецот

Првиот човек на Епл го одби барањето на ФБИ да им помогне да влезат во телефонот на убиецот од Сан Бернардино. Зошто? Затоа што и Пандорината кутија беше отворена со добри намери.

Епл одби да го отвори телефонот на убиецот

Првиот човек на Епл го одби барањето на ФБИ да им помогне да влезат во телефонот на убиецот од Сан Бернардино. Зошто? Затоа што и Пандорината кутија беше отворена со добри намери.

Гугл под напад на лажни реклами

Гугл лани успеал да блокира 780 милиони таканаречени 'лоши реклами', што е пораст од 50% во однос на претходната година. Настрадале и 25.000 мобилни апликации кои ловеле несакани и случајни кликови.

Во Свонси новиот тренер го запознале на Гугл

Италијанскиот тренер Франческо Гвидолин е познат во татковината, но не и во премиерлигашот Свонси каде неговата биографија ја читале на Гугл.