Кога пред десетина година се сретнале додека Кристијано беше играч на Реал Мадрид, Сослкјер му рекол: „Каде и да играш, колку и да вредиш, твојот дом секогаш ќе биде Манчстер Јунајтед“. Португалецот се врати на местото каде го лансираа во орбитата.
Душевната болка која што ја претрпел Арсен Венгер а предизвикана од една гнасна, одвратна клевета која се скандирала на стадионите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, ја пренесува во неговата автобиографија и вели дека уште нема одговор зошто тоа му го направиле.
Откако претходно исконтактирал со луѓето задолжени за односи со јавност во гигантот Тотенхем, Игор добил дозвола да влезе во хотелот „Хилтон“, да поразговара со Мурињо, да се фотографираат и да му даде пар подароци во знак на благодарност.
Дете од мало место во карипската земја Тринидад и Тобаго стана најомилениот напаѓач на секој навивач на Манчестер Јунајтед и најзаслужен за тројната круна на овој клуб во 1999. Сепак пороците кои ги носат славата и парите не го одбегнаа и него па се скара со Фергусон.
Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.
Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
На 29. септември во продажба излегува книгата „Жозе Мурињо, одблизу и лично“, напишана од спортскиот новинар Роберт Бејли кој открива што сè му раскажал Португалецот за неговата кариера.
Малку е познато дека мајката на Кристијано сакала да абортира со него, но лекарот одбил да го стори тоа и на 5. февруари ’85-та се родил Кристијано Роналдо кој уште на 16 години заработувал и го издржувал семејството.
Доколку сакате да ги одморите очите од компјутер или ве мрзи на пат да носите лап топ, анегдотите и пикантериите во спортот раскажани од најдобрите, може да ги најдете во книга. Еве мал дел од тоа што е добро за читање.
Како мал Крис Смолинг редовно одел со мајка му на Хајбери да го гледа идолот Тони Адамс, а неговиот сега покоен татко мечтаел син му да заигра на Олд Трафорд.
Поранешниот тренер на Јунатед вели дека во еден момент сакал да го ангажира Марио Балотели но сфатил колкав ризик е, а капак на сè било кога Мино Раиола стапил на сцена на првиот состанок.
Не се изненадивме што Кристијано Роналдо, Френк Лампард и Жозе Мурињо ги има на неколку места во Гинисовата книга на рекорди. Нас не изненади Крис Смолинг таму.
Ферги заработил 5,5 милиони евра за 12 месеци откако се повлече од Јунајтед и од фудбалот. Заработува од издавачките куќи, од улогата амбасадор на Манчестер и од јавните настапи по светот.
Поранешниот фудбалер на Партизан, ПСВ, Челси, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Фенербахче во петок ќе ја објави автобиографската книга, во која зборува за тоа каков е Мурињо приватно, зошто се скарал со Видиќ, разводот со жена му, проблемите во Париз и други пикантерии од богатата кариера.
Искусниот шведски стратег кој смени 12 тренерски клупи и неколку швалерки, има многу раскажани пикантерии во својата книга „My Story". Дел од нив се проблемите кои ги имал со легендарниот Ферги на кој требал да му биде наследник.
Тренерот на Челси, Жозе Мурињо потајно сонувал за фотељата на Манчестер Јунајтед и бил до толку разочаран што Алекс Фергусон му дал предност на Дејвид Мојс, што дури пуштил и солзи.
Пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига која ќе биде одбележана со новите тренерски имиња на трите водечки клубови помеѓу кои и Жозе Мурињо, португалскиот стратег го откри патот до успехот со екипата на Челси.
Жозе Мурињо се врати во Челси, клубот кој го напушти пред неколку години кога наместо во Интер за малку можеше да заврши на клупата на клубот каде во моментов тој важи за непријател број 1.
Жозе Мурињо помина две сезони во Интер и за тоа време имаше „среќа" да соработува и со Марио Балотели за кого може да напише цела книга со комични случувања. Една таква случка тој ја опиша во интервју за СиЕнЕн.