Мурињо за комедијантот Балотели

Жозе Мурињо помина две сезони во Интер и за тоа време имаше „среќа" да соработува и со Марио Балотели за кого може да напише цела книга со комични случувања. Една таква случка тој ја опиша во интервју за СиЕнЕн.

„Можам да напишам книга од 200 страни за моите две години во Интер со Марио, но таа книга нема да биде драма, туку ќе биде комедија."

„Се сеќавам кога гостувавме во Казањ на натпревар од Лигата на шампиони. За тој натпревар беа повредени напаѓачите. Милито и Ето не можеа да играат и на располагање го имав само Марио".

„Во 42-та минута од натпреварот Марио доби жолт картон и кога отидовме во соблекувалните на полувреме, јас потрошив 14 минути од паузата од 15 минути на разговор со Марио."

„Му реков: Марио, не можам да те заменам затоа што немам други напаѓачи на клупа, па затоа немој никого да допреш и играј само со топката. Немој да реагираш ако ја загубиш топката. Немој да реагираш ако некој те провоцира. Немој да реагираш ако судијата направи грашка."

„Во 46-та минута тој доби црвен картон!", изјави Мурињо.

5 октомври 2012 - 11:05