Во претпоследното коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Реал Мадрид одиграа спектакуларен меч кој заврши со дури осум гола! На крајот реми 4:4. „Кралевите“ водеа 1-4 но норвешкиот шпиц Александар Серлот беше упорен и не дозволи Виљареал да изгуби.
Беатрис „Тили“ Шилинг, родена во 1909 во Хемпшир, била воздухопловен инженер и се тркала со мотори. И им завршила огромна работа на пилотите во Втората светска војна.
Максин Бирли (1922-2009), подоцна позната како Максим де ла Фалез била елегантна жена, популарна во општеството, мајка, воен шифрер, автор на книги за рецепти, колумнист, муза, актерка и манекенка. Каков спој!
Некогаш, во „Драга Савета“ рубриките по интернет се кријат ем неверојатни приказни на граница на трач, ем теми за размислување како оваа, каде што една жена се плаши дека се големи шансите токму нејзиниот сопруг да се крие зад лажните профили што ѝ ја влечкаат инаку успешната книга по интернет-калови.
За нејзините дела, Тејлор Свифт наоѓа инспирација од жени од минатото, меѓу кои и Клара Боу и Ребека Харкнес и баба ѝ Марџори Финли која била оперска пејачка. Од овие причини и Џоел Абрамс од The Conversationсе прашува што би мислела Свифт (сега 34-годишна) за француската писателка Кристин де Пизан.
Времето е вечен сопатник на големите моменти во спортот. Скоро сите повеќе ги паметат головите во последни секунди, а ретко кој се сеќава на стрелците на рекордно најбрзите погодоци во најдобрите лиги.
Тиесет и пет годишниот искусен центар Робин Лопез, брат на попознатиот Брук, е трампан од Милвоки Бакс во Сакраменто Кингс за правата на драфтуваниот Грк Димитрис Аграванис и плус пари. Робин Лопез толку бил незаинтересиран за мечот на Милвоки Бакс со Минесота Тимбервулвс (пораз на Бакс 129:105) што си нашол друга занимција.
Платформите се одлични за промоција на секој вид проекции и одбрани на личниот идентитет и на пумпање на его. За жал, добри се и за создавање на секти на истомисленици кои потоа ти ги потврдуваат измислиците.
Потенцијал за фраза на годината: ТикТок-мозок. Феноменот е турбо верзија на она што претходните генерации го отфрлаа како „недостаток на внимание“. А има врска и со концентрација и со фокус и со квалитет на сон.
И тоа пазете, се случува за време на финалето против Јута Џез кога будалата му барал два дена одмор на Фил Џексон. И тоа е само една од многуте лудости на најневеројатниот лик што некогаш го украсил паркетот на НБА. Потоа на терен играл како ништо да не било.
Познавате ли Македонец кој го гледал незаборавниот Вардар на Вишњевац во Букурешт во Купот на УЕФА, на Градски против европскиот првак Порто, а истовремено ги посетил сите 12 стадиони во Лондон, влегол без карта на Вимблдон и му извадил виза на славниот Аилтон?
Откако не успеала да најде книга со македонски рецепти каква што барала (на англиски јазик) за подарок, Деспина Кларк решила да го направи она што малкумина би се покренале да го направат - напишала своја книга која се претворила во упатсво како да се јаде како Македонец. Ја има на Амазон и ако Деспина тогаш имала проблем со подарок, вие сега немате. На пример, за новогодишен.
Книга која во Германија (конкретно Франфурт) ја делат на деца на дојденци, за да научат некоја песничка и на јазикот на нивните родители. Македонскиот го нема никаде (пошто бетониран) ама затоа има занимливи гео-политички новитети.
Или, академски кажано, има истражувања кои покажуваат дека тие што се опседнати со животот на славните покажуваат послаба интелигенција од тие што не се.
Белгискиот портал Ла Либре пишува дека во терористичкиот напад на булевар Ипре во Брисел загинале две лица, едно од шведска националност, а друго со шведско потекло. Третото лице исто така од шведска националност е во тешка состојба и се наоѓа во болница. На реанимација бил и напаѓачот кој е тешко ранет во престрелка со полицијата.
Чувањето на себе воопшто не е нов концепт - го има со милениуми. Сепак, она што е селф-кер денес, не изгледало така 350 години п.н.е. Како и модата и уметноста, му влијаат политичките движења во општеството, научните откритија, стабилноста на економијата и други нешта.