Луѓето опседнати со славни се поглупи

Или, академски кажано, има истражувања кои покажуваат дека тие што се опседнати со животот на славните покажуваат послаба интелигенција од тие што не се.

Или, уште поакадемски, постои директна поврзаност меѓу обожавањето селебрити фаци и полоши резултати на когнитивни тестови. Студијата е унгарска, направена е на 1763 возрасни луѓе кои требале да извршат серија задачи, меѓу кои и тест за вокабулар од 30 зборови и тест со замена на цифри. Решиле и прашалник со „скала за однос кон славни личности“ за тоа колку се заинтересирани за нив.

Изјавите на кои требало да се одговори со „да“ или „не“ биле од типот на:

  • Често имам потреба да ги научам личните навики на мојата омилена славна личност.
  • Опседнат сум со детали од животот на мојата омилена славна личност.
  • Ако имам среќа да го/ја сретнам и ме замоли да направам нешто нелегално како услуга, веројатно ќе го направам тоа.

Според научниците што го спроведувале тестот:

„Идни истражувања треба понатаму да бараат основа за нашата теорија дека когнитивниот напор вложен во одржувањето на интересот за омилената славна личност се меша во извршувањето на задачи што бараат внимание и други когнитивни вештини. Иако нашето истражување не докажува дека развивањето на моќна опсесија со славни предизвикува човек послабо да помине на когнитивни тестови, налага дека сепак е потребно да внимателно да се набљудуваат чувствата.

Во основа, тие што имале повеќе бодови на прашалникот за односот со славните, послабо поминале на тестовите за интелигенција.

Читнете некоја книга.

7 ноември 2023 - 16:45