Да видите една анализа од убав психопат

Девојчето е психопат и не, не е ова навреда, сама си кажа дека е дијагностициран психопат на крајот на видеото, ете спојлер. Тоа само помага ладно да гледа на работите и на теоријата што ја има за „привилегии за убавина“ и многу држи вода.

Според неа, има три нивоа на убавина што ти носат три нивоа на привилегии. Првото и најниско ниво е луѓе што ги гледаш секојдневно, убаво изгледаат, убави се и инстинктивно светот подобро реагира на нив. Ако побараат нешто, ќе добијат, ако се потрудат за работа, ќе им биде полесно, сè им оди полесно во однос на просечните и потпросечните.

Второто ниво се многу убави луѓе, што не мора ни да побараат - светот сам им нуди и ги части, останатите сакаат да бидат во нивно присуство и имаат позитивна предрасуда во однос на сите други квалитети.

Третото ниво се тие што ги гледаме само од далеку, на телевизија, во кино, или на социјални мрежи. Ова се „десетките“, тие што се вонсериски убави, што можат да заработуваат само поради изгледот.

15 мај 2024 - 00:00