Инфлуенсерките и радикалната десница

Инфлуенсерките за животен стил го менуваат ликот на радикалната десница.

Кога ќе помислиме на радикална десница, замислуваме групи млади мажи со слики од свастики, а сепак, според едно ново истражување, куп жени-инфлуенсери почнуваат да се плеткаат во радикално-десничарска идеологија на мејнстрим платформите.

Евиен Лајдиг е на пост-докторски студии во универзитетот во Тилбург, Холандија и се фокусира на идеологијата на крајната десница, родовите и интернетот, со поминување бескрајни часови во следење профили и објави на радикално-десничарски инфлуенсерки за нејзината нова книга.

Некои од нив, како што забележува, споделуваат она што се очекува - туторијали за убавина, избрани фотографии од прекрасни домови и препораки за производи. Но, вметнати во сево ова можат да се начекаат и антисемитистички теории на заговор, анти-феминистички пораки и мислења за белата надмоќ. Имаше куп трендови, stay-at-home-girlfriend, или „мојот живот како мајка-домаќинка со четири деца“, или со „правење ручечиња за семејството“... Сите овие можат да се толкуваат како личен (и сосема легитимен) избор, а истовремено нивната масовност не може да не влијае на јавното мислење.

„Ги спојуваат нивните лични брендови со политичка идеологија. Пораките се конзистентни со историјата на конзервативното размислување, во однос на традиционалните родови улоги за мажите и жените.“

Лајдиг исто така вели дека жените играат клучна улога во регрутирањето и легитимизацијата на крајно-десничарските движења. Со алатката на влијаење на социјалните мрежи, прават екстремистичката идеологија да „изгледа прифатливо“.

Бидејќи, како што кажал и лик што го интервјуирала на темата, „Движење без жени е осудено на пропаст.“

Целиот подкаст со дискусијата:

23 јануари 2024 - 13:02