Можеби сте го почувствувале тоа - прочитана книга на таблет или е-читач се заборава побрзо. Како нешто да недостасува што прави прочитаното да „испари“ многу побрзо отколку кога книгата се чита во асли издание на хартија, со сета нејзина тактилност.
Не важи само за книги, туку и за филмови, серии (особено за серии со голем број сезони) и други искуства кои ни овозможуваат втопување во друга реалност која ни нуди нешта што поретко ги добиваме во оваа - возбуда и исполнетост. Но кога книгата ќе заврши, тогаш - што?
Kaко што тргнало, не ни гинат нови рестрикции и карантини. Затоа, не губете време на плажа со читање. Уживајте во песокот под прстите, во плимата и осеката, и сите сетилни дразби на тоа да се биде надвор. Удобната столица крај прозорецот нема да избега цела есен и зима.
Рубрикава е меѓу другото за читање книги и една од нејзините цели е да го промовира читањето. Но што кога и оние што вообичаено сакаат да читаат едноставно немаат концентрација и енергија за тоа? Мора нешто да не е во ред. Aма што?
Освен доколку станува збор за славни актери, најголемиот број од луѓето кои ги читаат аудио книгите никој не ги знае по име. Но затоа помеѓу нив има такви чии гласови не може никако да се помешаат со други. И кои на издавачите им носат милиони.
Сакате да читате, ама не можете да се натерате да пуштите мобилен од рака и да земете книга, за смирено со неа да минете барем еден час? Или немате каде? Има лек. Читање во тишина, со други.
Неодамна пишувавме за тоа зошто не е можно да се чита во скопскиот градски превоз, кукајќи над нашата транспортна судбина. Ама некој наместо да кука, се фатил за работа.
Од време на време на социјалните мрежи се појавуваат фотографии од земји и култури каде има чуден обичај луѓето да читаат книги, во метро, трамвај, автобус. Придружниот коментар обично се однесува на нашиот примитивизам и неначитаност. И не дека не. Ама има и други, многу попрактични ограничувања.
Издавачите, можеби превентивно, а можеби затоа што некогаш се изгореле, сега дуваат и на јогурт - ангажираат посебни читатели, кои се „сензитивни“ за некоректности од различен вид, и кои алармираат доколку забележат такви моменти во книга која допрва треба да се објави.
Во сатиричната колумна која комичарот Енди Боровиц ја пишува за Њујоркер, „Боровиц рипорт“, тој ја дефинира главната линија на раздор помеѓу Трамп и неговата можна конкурентка во претседателските избори 2020 - тој мрази книги, таа има читачки клуб. И тоа би требало да е доволно за Американците кога следниот пат ќе гласаат.
За библиофилите огромно искушение е да купат книги дури и на пријатели за кои сигурно знаат дека нема да ги прочитаат, како некој вид опомена или педагошка мерка. Не се мачете, вели Дејвид Барнет од Гардијан. Впрочем, не мора секој да чита.
Во 18-вековна Европа оваа пракса се сметала за опасна по живот и по личниот и колективниот имот, но најмногу по владеачкиот морал. А последново нема врска со свеќите.
Италијанската винарија Мате Кореџа и дизајнерската агенција Риверс Иновејшн се здружиле во проект кој ветува „средба помеѓу одлично вино и задоволство од читањето“.
Не сме баш сигурни дека ова е вештина која би требало да се препорачува. Ама па ако луѓе паѓаат од карпи и се удираат од автомобили дур ловат Покемони, можете и вие малку да ризикувате читајќи книга по скопските улици.
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.
Писателот Остин Клеон, нам познат по бестселерот „Кради како уметник", манифест за креативноста во дигиталното доба, состави листа на сопствени ветувања во врска со читањето. Ни изгледа како фин вовед во Новата, иако повеќето од спомнатите работи веќе ги правиме. Ама бр. 5 ќе мора да гo вежбаме.
Звучи ко наслов на порно филм. Но тоа е всушност една загрозена практика, која треба да ја заштитиме како да е историски значаен објект, занает во изумирање или уметничко дело.
Инфографик кој врз основа на бројот на зборови, согласно просечната брзина на читање, покажува колку часови се потребни за читање на голем број наслови, од Антигона до Игра на троновите.
Пред некој ден пишувавме за „слушањето гласови" додека се чита. Но што е со гледањето слики? Еден познат дизајнер на корици го истражува ова прашање во книга со токму таков наслов.
На денот кога во нашиот градски парк ќе се одвива „Види музика, слушни слика, добиј книга" и во Белград ќе почне интересна акција за промовирање на читањето на јавни места.
Текстот на Марк О'Конел за читателската промискуитетност поттикна многумина да „излезат од шифоњерот", и со олеснување да признаат дека и тие скокаат од една книга на друга, па дури и дека учествуваат во читачки оргии. Но темата инспирираше и дискусија - колку типови читатели всушност постојат?
Марк О’Конел од Њујоркер од збор до збор го опишува она што во последно време нè мачи: вината од скокањето од една книга на друга, или од еден текст на друг, без оглед колку се тие интересни.
Досега имаме видено секакви флеш-моб акции, од масовно играње сиртаки, „начекуша" на прв кој ќе подигне отпад намерно поставен среде трговски центар, играње „човечки огледала", замрзнување во место на цела толпа луѓе, ама немавме видено флеш-моб со симултано - читање книга!