Беатрис „Тили“ Шилинг, родена во 1909 во Хемпшир, била воздухопловен инженер и се тркала со мотори. И им завршила огромна работа на пилотите во Втората светска војна.
Максин Бирли (1922-2009), подоцна позната како Максим де ла Фалез била елегантна жена, популарна во општеството, мајка, воен шифрер, автор на книги за рецепти, колумнист, муза, актерка и манекенка. Каков спој!
Некогаш, во „Драга Савета“ рубриките по интернет се кријат ем неверојатни приказни на граница на трач, ем теми за размислување како оваа, каде што една жена се плаши дека се големи шансите токму нејзиниот сопруг да се крие зад лажните профили што ѝ ја влечкаат инаку успешната книга по интернет-калови.
За нејзините дела, Тејлор Свифт наоѓа инспирација од жени од минатото, меѓу кои и Клара Боу и Ребека Харкнес и баба ѝ Марџори Финли која била оперска пејачка. Од овие причини и Џоел Абрамс од The Conversationсе прашува што би мислела Свифт (сега 34-годишна) за француската писателка Кристин де Пизан.
Платформите се одлични за промоција на секој вид проекции и одбрани на личниот идентитет и на пумпање на его. За жал, добри се и за создавање на секти на истомисленици кои потоа ти ги потврдуваат измислиците.
Потенцијал за фраза на годината: ТикТок-мозок. Феноменот е турбо верзија на она што претходните генерации го отфрлаа како „недостаток на внимание“. А има врска и со концентрација и со фокус и со квалитет на сон.
И легенда и легендарна пијаница, иако тврдела дека пијалокот што го произведува нејзиното семејство е гаден. А кој е пијалокот на нејзиното семејство? Па, Гинис.
Ако ви е малку преку глава од еуфорија, или едноставно отсекогаш сте сакале да се сокриете под ќебе додека сите пазарат подароци и планираат дочек, има и за вас филмови.
Учиме историја за „мажествениот“ стил на женската мода. Во коментарите има бисер: Една жена ја прашува мајка ѝ, родена 1926, што толку било битно и страшно кога жените почнале да носат панталони. Одговорот е, „Затоа што одеа скроз до горе!“, што значи се гледало каде завршуваат нозете, а каде почнува... газ!
Ќе беше убаво двајцата да можеа да ја пречекаат екипата на Вог дома. Сепак, иако го изгубивме Боуви, неговото присуство се чувствува во секој ќош од нивниот дом во Кетскилс, Њујорк.
Ви текнува на програмот што Шер од Clueless го имаше на компјутер, за испробување комбинации без мачење да се облекува? Е па, долго пред тоа, кралицата Марија Антоанета секое утро се консултирала со Gazette des Atours, компилација од примероци од материјали што го претставувале секое можно парче од нејзиниот неверојатен арсенал на облека, внимателно подредени по боја.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“
Во денешнава хиперпродукција од серии, ретко може да се начека нешто што е добро цело време, сите сезони, и што нема да затупува со секоја наредна. А You беше добра и уникатна во прва сезона, не се расипа во втора и успеа да се надмине себеси во трета.
После Ајк, Тина и тоа како заслужи љубов: ја најде во Ервин Бах, успешен германски продуцент, со кој ѝ се сретнале патиштата во 1985, а се венчаа во 2013.