На Крис Нот му ја вадат душата

Пејџ Сикс сега известува дека жена му е „многу вознемирена“ и дека агенцијата го откачила.

Еден извор на американски таблоид вели дека актерката и сопственичка на бизниси Тара Вилсон, која има две деца со Нот - „не е добра“.

Без разлика дали е ова точно или не, наративот се гради околу изјавата на една од наводните жртви на Нот, дека со нејзе споделил дека „бракот е глупост“, иако бил женет.

Нот и Вилсон имаат двајца синови, Орион кој е 13-годишен и Китс кој има 18 месеци. Се запознале кога Вилсон почнала да работи како келнерка во еден од клубовите во сопственост на Нот. Се венчаа во 2012.

Освен што изворот вели дека „барем откривме дека не е моногамен, до толку знаеме,“ додава и дека „не треба да се избрзува со заклучоци“.

Агенцијата што го претставуваше Нот го откачи во петокот, според Дедлајн, на кои им рекле „Крис Нот повеќе не ни е клиент.“

Негов пријател се вмешува со,

„Има две страни на секоја приказна и на луѓето треба ова да им е јасно пред да судат. Тој Крис што го знам не е истиот што го опишуваат овие жени. Сите негови пријатели се на негова страна. Тој флертува, но не е гад. Не е Вајнстин. Му верувам и верувам дека не се одвивало така како што кажуваат.“

Последниов извор сведочи и дека Нот е комплетно збунет и изненаден од обвинувањата.

„Згрозен е од наводите и многу збунет зошто излегуваат баш сега, толку блиску до премиерата на продолжението.“

Претставник на Нот ги отфрли тврдењата за нападите како „комплетна измислица“, нарекувајќи ги „како извадени од лоша книга.“

Капак на сè е што компанијата што требаше да го откупи бизнисот со текила на Нот се повлече од договорот.

Преку ноќ.

20 декември 2021 - 00:48