Јасно е дека е подобро да јадеш и да пиеш отколку да читаш како сето тоа се прави, но има и нешто во жанрот, кориците и илустрациите, и воопшто славењето на храната во овие книги што прави да ти дојде вода на уста.
Типичното „логично“ размислување е дека популарноста на еден медиум директно се преведува во популарност на друг. Но бројот на следбеници на социјалните медиуми можеби помагаат да се потпишат договори за книги, но не и тие да се продадат во очекуваниот број.
Од мемоари на истражувачи кои делуваат како да се романи до дела на ветерани во областа на науката, ова се дела кои ја збогатија научно-популарната литература во 2021, по избор на магазинот Смитсонијан.
Писателот Марк Билингем советува гневно да се катапултира низ соба книга која по 20 страници не успева да го задржи вниманието. Но изненадувачки 40% од луѓето всушност продолжуваат да читаат, оти не сакаат работите да им бидат недовршени.
Некои од книгите кои денес се сметаат за најдобри во модерната историја на книжевноста, како „Квака 22“ или „Нежна е ноќта“, не наишле на добра критика на страниците на влијателниот весник. Не дека тоа нешто многу им наштетило.
Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.
Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење.
За да подарите некому книга треба доволно да го познавате, дали воопшто сака да чита и што точно. Или пак да сте доволно блиски за да можете да го ставите пред свршен чин со избирање наслов, без тоа да се почувствува како наметнување. Плус да знаете дали таа книга веќе ја прочитал или ја има. И уште куп услови, кои прават подарувањето книга да не е ич едноставно.
Книгите од овој жанр нудат можност да се исчекори од постојаниот тек на драматични научни откритија и да се анализираат пошироките последици од истражувањата кои се во тек. Книгите на овој список се обидуваат да ја следат долгата приказна за тоа како луѓето станале такви какви што се денес, да ја истражат промената околу нас и ограничувањата на нашето знаење.
Живееме во доба на лажни вести, но манипулациите во оваа област не се нови, исто како и обидите да се опише, анализира и предвиди нивното влијание врз политичкиот живот. Покрај антологиската „1984“, еве уште неколку книги кои тоа го правеле многу пред времето на интернет.
Оние кои го поминале процесот опишан во статијава ќе знаат точно за што станува збор. Оние кои не го поминале - не очајувајте. Има решение и за оние кои сакаат да работат на себе читајќи или слушајќи музика.
Јоханес Вермер постојано ги вметнувал во своите слики. Исто така и Едвард Хопер, Егон Шиле, Диего Веласкез, Ешер. Нова книга ја истражува историјата на книгите во визуелната уметност.
Стотици години пред употребата на диктафоните и компјутерите, огромен број судски документи, преписки, новинарски текстови итн. најпрвин биле запишувани со помош на „зипувачка“ техника, а потоа транскрибирани со асална ортографија. Стенографијата била толку популарна во англиските говорни подрачја во 19 век, што биле објавувани и цели дела напишани со стенограми.