Вработените во канадската издавачка куќа на Питерсон се расплакувале поради најавата дека од нивната фирма ќе излезе нова книга на човекот кој ги вознемирува со своите ставови. А штом возрасни луѓе ќе се расплачат, со загриженост настапува „комитетот за диверзитет и инклузија“. Социјалистичкото самоуправување не беше до волку фејк.
Стравот не е дали книгата ќе се продава, затоа што ќе се продава. Стравот е од бунт на вработените на издавачот, и уште повеќе дали тоа што ќе биде објавено ќе биде точно.
За човекот што го алармираше комплетното човештво за начините на кои владите упорно нè следат и прислушуваат, овие неколку години азил во Русија беа прилично даровни, и тоа до сума од 1,2 милиони долари.
Арсенијевиќ е писател, панкер, најмлад добитник на НИН-овата награда за најдобар роман (и тоа за неговата прва книга „Во потпалубата“, 1994), основач на книжевниот фестивал Крокодил, денес пишува колумни и есеи... „Секогаш ќе имаме лидер со набабрено его и куп лигуши околу него“, вели во интервју за Време.
Мајкл Шаленбергер е повеќедецениски климатски активист и познавач на енергетските трендови кого магазинот Тајм го има прогласено за „Херој на човековата околина.“ Сведочи за неговото непријатно искуство во американскиот Конгрес, кога, штом скршнал од очекуваните наративи ( а тоа значи безусловно навивање за обновливи енергии и ништо друго), веднаш му бил одземен зборот и бил нападнат дека му е до пари.
Во исто време кога во декември 1989 Германците од Истокот беа собрани пред штабот на Штази во Дрезден, „пријателите“ на Штази од КГБ Дрезден, сместени во блиската вила, франатично се трудеа да запалат што е можно повеќе од својата документација. „Толку многу работи запаливме, што печката експлодира,“ подоцна ќе раскаже еден од КГБ офицерите присутни во вилата, а денес руски претседател, Владимир Путин.
Kако што овдешните Шaрени се рајцаа на Алински (види: Сол Алински: Правила за радикали), за Блек Лајвс метер и таканареченото анти-расистичко движење манифестна книга е „Белата кршливост“ која стана апсолутен бест-селер на Амазон. „Од овие што ја воспеваат, ја има некој читано оваа луда книга?“, не може да се изначуди Мат Таиби.
Мери Л. Трамп му е внука на Доналд од постариот брат Фред, и Мери многу сака на цел свет да му каже какво ѓубре е чичко и, само што веројатно нема да може затоа што од тоа се откажала уште пред 20 години.
Парадоксална е таа нивна професија: за да стигнат таму каде што другите не можат, тие не можат да мрднат од своите тесни безвоздушни комори. Астронаути даваат совети како да се прегрми изолацијата и притоа да се сочува памет.
Последниве година-две, особено по излегувањето на неговата книга „12 правила за живот: противотров за хаосот“, не поминуваа ни неколку денови а да немаше нешто ново во врска со Питерсон - со кого се скарал, каде настапил, какво видео снимил. И одеднаш човекот го снема.
Пред јавни настапи, како сведочење пред Конгресот, блиските соработници му дуваат под пазуви на Закерберг за да не му се познаваат кругови од пот, е извадокот од се уште не објавената ретко детална книга за Фејсбук за кој сите се фатија.
Вселенски сили се новиот огранок во вооружените сили на САД (покрај пешадија, авијација и морнарица) и како такви тие сакаат да ги имаат сите протоколарни обележја како и другите родови, макар тоа значело и „официјална благословена библија на вселенските сили“.
Откако „влијателните“ успеваат спектакуларно да ја кренат продажбата на неколку производи за кои стандардно треба рецепт од доктор, министерството за здравство почнува со лов на само-прогласените Јутјуб / Инстаграм здравствени гуруа.
Филип Лансон еден од преживеаните новинари од масакрот во Шарли Ебдо, неодамна објавува мемоар од целиот настан во кој се открива херојството на луѓето што загинаа за правото некој да биде навреден.
Прелесното расфрлање со поимите фашизам и фашисти доведува до нивна инфлација - колку повеќе ги има во оптек, толку помалку вредат или нешто навистина значат. Наместо прецизна вредносна содржина, се добива обична навреда која зачестено служи за дисквалификација на политичките противници. А има нешто примамливо и во тоа што кога ќе го прогласиш противникот за фашист, во своите очи автоматски стануваш антифашист.
Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.
Два збора кои се прогласени за зборови на годината укажуваат не само на тоа како живеевме последниве (скоро) 365 дена, туку и што нè очекува во иднина. Едниот е „пост-вистина“, а вториот „снегулка“. Комбинирани, тие отсликуваат атмосфера која не е баш благопријатна за критика и аргументирање со факти, a сатирата се сведува на лажни вести-јадици за кликови на интернет.
Пред пет години Роман Атвуд го аплоудира своето прво видео на Јутјуб во кое им приоѓа на луѓе на улица и над глава им превртува кофа за вода. Откако ќе се штрецнат, "жртвите" за кратко сфаќаат дека кофата е празна. Според Форбс, Атвуд годинава на Јутјуб заработил 7,5 милиони евра.
Во Вашингтон како да експлодирала бомба. За помалку од една година, лидерите на двете најголеми партии се судрија, фундаментално преобликувајќи ја политичката култура што со генерации се чинеше непроменлива. Катастрофалниот пораз на Хилари Клинтон ги остави малцинството демократи во хаос. Зад сцената веќе се одвива битка за душата на оваа опозициска партија.
Држењето до митот за развиена, цивилизирана и напредна Европа не може да му понуди на Балканот решение за проблемите, од едноставна причина што таа и ги има создадено, и продолжува да репродуцира голем број од нив.
Јаша Моунк е предавач на Харвард, кој има проблем со една од најосновните претпоставки на западната политика, дека „кога еднаш земјата ќе стане либерална демократија, таа ќе остане таква“, односно дека либералната демократија е хепиендот за секоја држава. Проблемот станува поизразит како што тој почнува подетално да го истражува.
Нашите националисти најмногу ги жести фактот дека меѓу земјите од поранешна Југославија, и покрај сè, сè уште има силни културни врски. Ги жести затоа што нашите локални бардови можат да бидат големи само во вакви затворени средини и што својата меѓународна кариера можат да ја остварат само во земјите на поранешна Југославија. Покрај тоа, националистите заемно се привлекуваат, знаете; многу се сердаризираат и се војводизираат; и тоа ви е некој посебен вид еротика...