Јасно е дека е подобро да јадеш и да пиеш отколку да читаш како сето тоа се прави, но има и нешто во жанрот, кориците и илустрациите, и воопшто славењето на храната во овие книги што прави да ти дојде вода на уста.
Типичното „логично“ размислување е дека популарноста на еден медиум директно се преведува во популарност на друг. Но бројот на следбеници на социјалните медиуми можеби помагаат да се потпишат договори за книги, но не и тие да се продадат во очекуваниот број.
Од мемоари на истражувачи кои делуваат како да се романи до дела на ветерани во областа на науката, ова се дела кои ја збогатија научно-популарната литература во 2021, по избор на магазинот Смитсонијан.
Писателот Марк Билингем советува гневно да се катапултира низ соба книга која по 20 страници не успева да го задржи вниманието. Но изненадувачки 40% од луѓето всушност продолжуваат да читаат, оти не сакаат работите да им бидат недовршени.
Некои од книгите кои денес се сметаат за најдобри во модерната историја на книжевноста, како „Квака 22“ или „Нежна е ноќта“, не наишле на добра критика на страниците на влијателниот весник. Не дека тоа нешто многу им наштетило.
Во средниот век правењето книга подразбирало години и години работа. Писарите се кичмеле над ракописите, осветлени само од природно светло - свеќите биле преголем ризик - и минувале часови и часови секој ден рачно испишувајќи букви. Нормално дека биле ифрит лути ако некој им ја уништел или украдел завршената книга.
Прашањето за тоа кој треба да ги поседува книжевните дела и колку долго е тема на остра полемика. Неа ја предводи движење за укинување на авторското право, или барем за намалување на неговото времетраење.
Додека во останатите делови од светот најпопуларните подароци за Божик и Нова година се менуваат, на Исланд со децении најподаруваната е -книга. Зошто?
Пивата на Rogue Ales (нешто како пива за никаквеци) и до сега биле познати по експериментите со вкусовите на пивата, кои се ноќна мора за ортодоксните пивопии, a радост за останатите. Ама сега решиле во пивото да замешаат и книжевност. Буквално.
Британското списание од областа на културата The Literary Review и оваа година ќе ја додели Bad Sex Award - наградата за најлошиот опис на секс во литературата.
Имаме предизвик за студентите по машинство, дизајнерите и хаусмајсторите - ако направите еден ваков, ние ќе ги донесеме книгите. Ваши ќе бидат паричките.
Со години им удираме сеир на Американците и нивната небулозна традиција, поддржана со закон, според која секој може да покрене постапка за забрана на книга во локалната библиотека, училиште или книжарница.
Познаваме луѓе кои на глетката на книга фрлена на улица, а не дај боже во контејнер, реагираат поостро отколку на фрлен леб. Но нека не се вознемируваат, овие книги не се за фрлање, туку за земање.
Текстот на Марк О'Конел за читателската промискуитетност поттикна многумина да „излезат од шифоњерот", и со олеснување да признаат дека и тие скокаат од една книга на друга, па дури и дека учествуваат во читачки оргии. Но темата инспирираше и дискусија - колку типови читатели всушност постојат?
„Книжевниот" скандал кој ја потресе американската јавност деновиве нема толку врска со читањето колку со користењето книги за други цели. Не, овој пат не се работи за палење, туку за постапка која најдобро се опишува со „черечење".
Уметничката Нина Катчадуриан специјализира во „редена" поезија. Си зема една книга, па под неа си става друга, и така насловите напишани на нивниот грб ги претвора во стихови.
Matchbook е сајт кој документира костими за капење кои личат, според боја, дизајн или генерален изглед на - корици од книги! После ова со други очи ќе се загледувате во нечии бикини, веднаш ќе ги споредите со замислена корица за „Крпен живот“.
Не дека не помислив на вакво нешто кога почнавме со Букбокс размената, но нерадо се откажав, замислувајќи што сè може да се случи со една ваква благородна идеја, на улиците на Скопје. Едно само ме мачи - што е тоа што прави ваков проект да е можен на бројни места низ Америка, а да не е можен кај нас?
Кога чувме за тоа дека во Бразил била воспоставена програма според која за секоја прочитана книга затвореникот може да добие наградно скратување на казната, помисливме дека идејата е супер. Но воопшто не се сетивме и на обратната можност - да лежиш апс наместо да читаш. За среќа има кому му текнува..
Вчера дознав информација, рамна на урбана легенда - дека некаде во Автокоманда постои магацин на книги на Универзитетската библиотека во кој вработените се плашат и да влезат.
Она што во Македонија сè уште не сме го усовршиле како маркетинг aлатка се оние кратки „осврти" на кориците (таканаречени blurbs), кои често ја продаваат книгата, особено ако таа е од автор за кого слушате прв пат.
Со замената на хартиеното издаваштво со електронско се губи една цела култура на читање и живеење - кукаат конзервативците и носталгичарите. Ајде да ги преброиме книжарниците кои постоеле во тоа ваше „златно време", велат прагматичарите.