Banned Books Week

Не мора да е забранета за да е слатка

Со години им удираме сеир на Американците и нивната небулозна традиција, поддржана со закон, според која секој може да покрене постапка за забрана на книга во локалната библиотека, училиште или книжарница.

Од 1982 биле покренати постапки за забрана на 11,300 книги, од кои 326 минатата година. Меѓу нив повторно се најде „Да се убие подбивната птица" на Харпер Ли, инаку американски класик, заради наводен расизам, но и некои нови, како „Игри на гладта" од Сузан Колинс заради „нечувствителност, навредлив јазик, окултизам/сатанизам, насилство и анти-семејни вредности", „Мајка ми ќе има бебе! - детски водич за бременост од месец во месец" од Дори Хилестад Батлер заради сексуална експлицитност и голотија, „Храбриот нов свет" на Олдос Хаксли заради нечувствителност, расизам и сексуална експлицитност, како и многу други.

Се приклучуваме на Banned Books Week 2012 (30.09-06.10), со антологиската на Реј Бредбери: „Има и поголем криминал од тоа да палиш книги. Само направи луѓето да не ги читаат".

4 октомври 2012 - 18:32