Вимблдон му нареди на Федерер да ги смени патиките

Строгите организатори на Вимблдон му наредија на Роже Федерер да ги почитува правилата на турнирот и да ги смени патиките со портокалов ѓон.

Едно од строгите правила на Гренд слем турнирот во Вимблдон е тоа што опремата на играчите мора да биде бела, но еден мал детаљ од патиките на Федерер му направи проблем.

Организаторите не можеа да му прогледаат низ прсти дури ни на 7-кратниот освојувач на турнирот, па му наредија на Федерер да ги смени патиките со портокалов ѓон.

Според строгите правила, производителите на облека мора да пријават каква опрема ќе носат тенисерите кои се нивни заштитни лица и тоа 90 дена пред почетокот на турнирот, но ова правило не важи за производителите на патики.

26 јуни 2013 - 09:46