Ван Хоол со сигурна игра во заврпшницата до победа над ЕВН

Во 7. коло од Бизнис лигата на Македонија победи остварија екипите на Џојсон Сејфти Системс, Еуро Табак и Ван Хоол.

Во цврст натпревар Џојсон Сејфти Ситем подобри од Аптив

Аптив 1-4(0-0) Џојсон Сејфти Системс

Аптив: Александар Марковски 21’

Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 22’ Јован Манакоски 27’ Јонуз Кастриот 33’

Израмнето прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Аптив и Џојсон Сејфти Ситемс, и двете екипи во овој натпреварт влегоа доста претпазливо и се одредија за дефанзивна игра па во ова прво полувреме изостанаа и погодоците и на паузата се замина со 0-0. На стартот од вториот дел екипата на Аптив успеа да постигне брз погодок, на што Џојсон Сејфти одговори уште во наредната минута за 1-1. Овој израмнувачки погодок и даде дополнителен мотив на екипата на Џојсон Сејфти која тргна уште посилно кон голот на Аптив па во 33та минута успеа да постигне погодок за водство од 1-2. До крајот на натпреварот екипата на Аптив се обидуваше да дојде до израмнување но во тоа не успеа па на крајот Џојсон Сејфти Системс славеше со 1-4.

Еуро Табак со тимска игра до победа над Тиквеш

Еуро Табак 7-3(4-1) Тиквеш

Еуро Табак: Филип Поповски 16’ Дејан Младеновски 14’ 20’ 34’ Мартин Ливрински 11’ Дејан Јанковски 34’ Григориј Јовановски 39’

Тиквеш: Нинослав Ранѓеловски 31’ Деко Марков 19’ 33’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и Тиквеш, воведните минути од натпреварот одминаа во испитување на силите каде играчите со удари од далечина и соло акции се обидуваа да сторант нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Еуро Табак го засили темпото на игра што и донесе погодоци во 11та и 13та минута за водство од 2-0. По ова екипата на Тиквеш започна со поагресивна и отворена игра како би фатила резултатски прилучок, но таквата отворена игра остави простор во одбраната на Тиквеш што екипата на Еуро Табак успеа да го казни со евро голот на својот голман Поповски во 16та минута за водство од 3-0. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден гол па на паузата се замина со 4-1. Во второт полувреме екипата на Тиквеш започна со агресивна игра уште на самиот старт со цел да ја намали разликата од полувремето, во дел од полувремето успеа да се доближи на два гола негатива но немаше сила да стори нешто повеќе во овој натпревар па разиграната екипа на Еуро Табак го доби овој натпревар со 7-3.

Ван Хоол со сигурна игра во заврпшницата до победа над ЕВН

ЕВН 4-6(4-0) Ван Хоол

ЕВН: Наум Бадаловски 32’ 33’ 37’ Томислав Блаевски 24’

Ван Хоол: Антонио Петровски 1’ 30’ Даниел Стаменковски 6’ Христијан Павловски 16’ Христијан Димковски 6’ Владо Здравков 40’

Одличен старт за екипата на Ван Хоол во дуелот со ЕВН со погодокот на својот голман Петровски во првата минута од натпреварот. По ова рано водство следуваше уште еден шок за екипата на ЕВН со два брзи погодоци за екипата на Ван Хоол и водство од 0-3 во 6та минута. Екипата на ЕВН со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок со цел да фати резултатски приклучок, но екипата на Фан Хоол одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување а преку контра напади успеваше да казни за предност од 0-4 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра во која екипата на ЕВН ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот. Екипата на ЕВН со упорна игра од минута во минута ја топеше предноста на Ван Хоол за во 37та минута со третиот погодок на Бадаловски да дојде на само еден гол негатива ид а ја направи завршнивцата драматична.

Сепак во таквата завршница екипата на Ван Хоол успеа да ја дојде до победата со резултат од 4-6.

12 ноември 2019 - 08:51