Новите болиди се претивки за Формула 1

Организаторите и гледачите на трката во Австралија на отворањето од новата сезона во Формула 1, се пожалија дека новите болиди не биле доволно гласни. Еве како тие звучеа во споредба со минатата година.

Со многуте промени и воведувањето на V6 турбомотори, болидите станаа потивки. Дури и премногу тивки според многумина.

Организаторите на трката во Австралија дури и се пожалија дека Формула 1 го прекршиле договорот со тивките болиди затоа што спортот вака станал поздодевен.

На луѓето покрај патеката веќе не им е потребна заштита за ушите, а еве како тоа звучи во споредба со минатата година.

18 март 2014 - 11:43