Лукас Пуј

Лежел во самица во Узбекистан, а вчера го победи Надал

Во последните неколку години, Лукас Пуј кој на 23 февруари наполни 22 години постојано се искачува на ранг листата, но забележителни резултати почна да покажува сезонава. Синоќа Рафа не успеа да го победи Французинот ни со крајни напори.

Прво, тој стигна до финале на АТП, во Букурешот каде загуби од Фернандо Вердаско. Второ, првпат стигна до полуфинале на Мастерс: На земја во Рим, каде во полуфиналето загуби од Мареј за помалку од еден час. И трето, првпат сезонава победи тенисери од ТОП-10: во Мајами го совлада осмиот светски рекет, Давид Ферер, Ришар Гаске (10) во Монте Карло и потоа Ферер повторно во Рим.

Пуј се пласираше и на Вимблдон каде стигна без ниту една победа на трева во кариерата (0:4). Но таму дојде дојде до четвртфиналето (само трет пат во кариерата го мина првото коло на еден Грен Слем). На УС Опен повторно победуваше противници од Топ 10.

Сезоната ја започна како 78. рекет на светот а по завршувањето на овој УС Опен ќе има место во Топ 20.

И да не заборавиме дека на Австралијан Опен во парови стигна до полуфиналето заедно со Адријан Манарино. 

Во февруари 2015. година, Пуј решил да се пресели од Париз во Дубаи. Причината е едноставна: данокот и тениската инфраструктура. Според неговите зборови, тешко му било да се пробие во францускиот Национален тренинг камп и тој решил да се проба на друго место.

Преселбата во Дубаи брзо му донела резултати. На пример го победил Бернард Томиќ во четвртото коло на Вимлдон. Пуј тогаш изјави дека може да издржи подолго на теренот поради тоа што во Обединетите Арапски Емирати тренирал на силно сонце.

Но на УС Опен губеше три меча по ред.

Освен тоа во Дубаи Пуј добил незаменливо искуство. И во 2015. година таму учествувал во тренинг кампот со најдобрите: недела дена тренирал со Федерер (кој му е идол), и со Енди Мареј.

Според тренерот на Пуј, Емануел Планк, искуството таму му било многу корисно затоа што сфатил како напорно тренираат топ играчите.

„Гледавме како работи Роџер. Изгледаше така лесно. Но сосема спротивно делува кога сте на теренот. Тој има квалитет во секој потег. Не верувавме како го прави тоа. Видовме дека тренира од попладне до девет навечер, а потоа се соблекува и оди во бањата со мраз“, раскажува тренерот на Пуј.

За разлика од мнозинството тенисери, Пуј има диплома. Но потребно е ова да се земе со резерва, затоа што тој дипломирал во Фанција, а таму оваа „Бакаларуеат“ диплома се дава и за завршено средно училиште. Пуј често одел на испити и пропуштал неколку младински турнири во минатото. 

Мајка му на Лукас - Лена Стенлунд е од Финска (но етнички Швеѓанка). Со татко му се преселиле во Велика Британија каде нашле работа. Како резултат на овие особености, Лукас дома со родителите зборувал на англиски. Во детството два пати годишно одел во Финска до 18 години имал право на финско државјанство, но го загубил кога одбил да служи воен рок.

По мечот против Надал синоќа Пуј направи неколку шеги и изјави: „Кога губам сум Финец, а кога победувам ме нарекуваат Француз“.

Со тенисот започнал на осум години кога на 200 метри од неговиот дом се отворил тениски клуб.

Кога го замолиле да раскаже некоја интересна анегдота од неговите патувања, тој се сетил на тоа во Узбекистан.

„Имав некои проблеми со визата и 8 часа ме држеа во соба. Во 14 часот кога слетав веднаш ме сместија во ќелија и тоа не беше нималку кул. Се вознемирив кога дознав дека и багажот не ми стигнал. Кога ми ја затворија ќелијата, бев напнат, но сега се смеам кога ќе ми текне на тој случај. Добра приказна“, вели најголемото изненадување на УС Опен годинава.

5 септември 2016 - 17:02