Кои нокаути на Тајсон се за во филм?

Легендарниот боксер на својот Јутјуб канал постави видео со сите негови 43 нокаути во кариерата. На тој начин „Железниот“ сака публиката да му помогне да ги одбере најдобрите 10 нокаути, кои ќе се прикажат во документарниот филм „Приказната за Мајк Тајсон“. Целиот проект го спремаат Џејми Фокс и Мартин Скорцезе.

16 март 2015 - 15:30