Русите нè победија во кошарка, да им бутнеме уште еден авион

Турски политичар распали со контроверзна изјава по повод вчерашното финале во Еролигата.

Откако ЦСКА Москва го совлада Фенербахче и ја освои титулата, Шамир Тајар кој е член на партијата за правда и развој, својата желба за Русите ја напиша на Твитер.

„Би сакал да им собориме уште еден руски авион“, напиша турскиот политичар.

Во неизвесен и драматичен натпревар во кој одлична партија имаше Перо Антиќ, ЦСКА стигна до титулата во Евролигата откако славеше во продолженијата со 101:96.

За односите меѓу Русија и Турција е познато дека се заладени откако во близина на сириско-турската граница, Турција во ноември минатата година им собори авион Су-24.

16 мај 2016 - 11:36