Протести против Ф1 трката во Бахреин

Полицијата во Бахреин употреби солзавци за да ги растера демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и се обидуваа да направат хаос пред неделната трка во Формула 1 шампионатот.

Демонстрантите против Ф1 трката во Бахреин поставија блокади на улиците и запалија неколку автомобили во обид да го спречат одржувањето на трката и да го привлечат вниманието на светот.

Антивладините групи во Бахреин ги организираат овие демонстрации за да ја промовораат својата продемократска кампања, а бахреинската полиција во изминатите неколку денови спроведе големи акции во кои беа уапсени огромен број на демонстранти за да се спречат нови протести.

Бахреин е сунитска монархија и покрај тоа што 75% од населението се шиити. Протестите во оваа земја започна уште во 2011-та година откако антивладините групи побараа демократски реформи. Најмалку 82 лица загинаа, а илјадници се уапсени откако започнаа немирите.

19 април 2013 - 09:22