Ни на исток ништо ново

Формула 1 шампионатот веќе стана многу здодевен. На 15-та трка оваа сезона на патеката Сузука во Јапонија, актуелниот шампион Себастијан Фетел ја извојува 9-та победа.

Три-кратниот шампион во Формула 1 ја прослави петтата победа во серија. Себастијан Фетел и Ред Бул уште еднаш ја потврдија доминацијата во овој спорт со еден-два победа.

За разлика од некои претходни трки, Јапонското Гран при имаше мала неизвесност затоа што на пол позицијата беше Вебер, а на стартот одлично тргна Грожан, но тие не го издржаа притисокот од Фетел.

Фетел ја презеде првата позиција во 41-от круг и таму остана до крајот. На пиедесталот се искачија и Марк Вебер и Роман Грожан од Лотус.

Фернандо Алонсо заврши на четвртата позиција со што го спречи Фетел уште на оваа трка да ја прослави четвртата титла во серија. Фетел сега има предност од 90 поени на четири трки до крајот и за титулата му се потребни само уште 10 поени.

Следната трка ќе се вози на 27 октомври во Индија.

13 октомври 2013 - 09:53