ОИ Рио 2016

Најдобрите фотографии од Рио

Една Олимпијада - два света: огномет на Маракана и сиромашни фавели. Во Рио успешно завршија Олимписките Игри а прогласени се и најдобрите фотографии од натпреварувањата во различни спортови.

Колоритната голманка на женската ракометна селекција на Ангола.

Египќанката Ел-Гобаши стана првата жена во одбојка на песок која што настапила на Олимпијада во хиџаб. Фотографијата од нејзиниот дуел против Германката го обиколи целиот свет и предизвика разни полемики.

Кинескиот скокач во вода од 10-метри, Чен Ајсен стана двократен шампион и на два пати го освои златниот медал.

Колумбијката Мариана Пахон во водство на трката во еден од најекстремните спортови на Игрите во Рио - со велосипеди BMX.

Рускиот претставник во бочување, Артур Ахматхузин во дуел со американскиот колега.

Симона Бејлс - девојката која што ги совлада сите комплексности во гимнастиката.

Триатлонистите на плажата Копакабана.

Маратонецот Елиот Кипчоге кој освои злато и стана олимписки првак, заврши во прегратки.

Аргентинската кревачка на тегови Јоана Паласиос и нејзината коса.

Сигурно најпознатата фотографија од Олимписките Игри. Предноста на Усеин Болт над конкурентите беше толку голема што можеше да си дозволи да се сврти кон камерите и да се насмее за време на шпринтот.

Во ватерполото главните битки се под вода.

Триумф на гимнастичар.

Ужасната повреда на францускиот гимнастичар Самир Аит Саид беше најпотресен момент од Игрите во Рио.

Руските ритмички гимнастичарки.

Американската пливачка Кети Ледеки - освои неверојатни 4 злата (200 метри слободен стил, 800 метри слободен стил, 400 метри слободен стил, 4х200 слободен стил).

Можеби најубавиот спорт на Олимпијадата.

Кинескиот скокач со стап, Џуе Чангруи во воздух го слави пласманот во финале.

 

Двете британски ѕвезди во велодромот - Џејсон Кени и Лаура Трот по освоените злата во Рио ја празнуваа победата со бакнеж.

Во теквондо летаат и кациги, не само нозе.

Повредена ватерполистка.

Победата со скок во финишот.

Бразилската рагбистка Исадора Черуљо ја прифати понудата за брак од нејзината партнерка Маржори Ења која што се симна на теренот да ја побара.

Салта на синхронизираните пливачи во вода.

Силната Јапонка Рисако Каваи која освои злато во борење, на необичен начин го прослави медалот со тренерот.

Радост и тага во бадминтон.

Циркузот на монголските боречки тренери.

4х100 - Јамајка (Усеин Болт, Асафа Пауел, Јохан Блехк и Никел Ешмејд) го прославува златото.