Лукоил во првото полувреме го скрши отпорот на ЕВН

Екипите на Македонски Телеком и Лукоил ги освоија бодовите во вториот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија, а ЈСП и Еуролинк одиграа без победник.

Лукоил во првото полувреме го скрши отпорот на ЕВН
ЕВН (1-2) Лукоил
ЕВН: Бојан Симоновски 3’ 37’ Томи Илиевски 35’ 39’
Лукоил: Игор Дамјаноски 17’ Владимир Секулоски 18’ Љупчо Апостоловски 22’ Мартин Алаѓозовски 23’ Гоце Мојсоски 25’ Жарко Климкаров 37’

Екипата на ЕВН одлично влезе во дуелот со Лукоил и со контролиран напад и цврста одбрана успеа да дојде до водство и да го задржи истото се до самиот финиш на првото полувреме кога екипата на Лукоил успеа да го скрши нивниот отпорот и на само да го израмни резултатот, туку и на полувремето да оди со водство од 1-2. Второто полувреме беше во знакот на Лукоил кој уште на самиот старт прдолжи во истото темпо со кое го заврши првото полувреме, ваквата игра му дозволи резултатски да се одлепи. ЕВН во своите редови внесе голман играч со кој успеа да го намали водството но не и да дојде до израмнување па го загуби овој натпревар со 4-6.

ЈСП и Еуролинк ги поделија бодовите
ЈСП4-4(1-2) Еуролинк
ЈСП: Дејан Блажевски 8’ 27’ Марјан Србиновски 36’ Велко Серафимовски 40’
Еуролинк: Ивица Стефковски 4’ 33’ 37’ Дарко Кадински 9’

Екипите на ЈСП и Еуролинк одиграа крајно израмнет и неизвесен натпревар. Во првото полувреме екипата на Еуролинк во отворен фудбал успеа да стекне предност која ја контролираше во текот на целото полувреме за да накрајот го добие со минимални 1-2. Во второто полувреме екипата на ЈСП успеа да го израмни резултатот по што се играше гол за гол и на двете страни се до самиот финиш се играше егал натпревар во кој ниту една од двете екипи не успеа резултатски да се оддели. Во ваквата гол за гол игра екипите на ЈСП и Еуролинк ги поделија бодовите.

Македонски Телеком во затворен фудбал до победа над Систина
Систина 0-2(0-1) Македонски Телеком
Македонски Телеком: Гоце Филипов 10’ Стефан Наскоски 32’

Натпреварот помеѓу Систина и Македонски Телеком започна доста дефанзивно. Уште на самиот старт акипата на Македонски Телеком стави целосен акцент на играта во обраната по што преку контра напади се обидуваше да атакува на противничкиот гол. Тоа им појде од рака во 10’ кога преку Филипов поведе со 0-1 водство кое го чуваа до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме Македонски Телеком продолжи во ист ритам играјќи затворен фудбал за кој систина не можеше да најде соодветна против игра. Офанзивната Систина му дозволи на Македонски Телеком уште една грешка во нападот да ја претвори во гол и поведе со 0-2 резултат со кој Македонски Телеком го доби овој натпревар.

29 март 2017 - 09:18