Колароска заврши претпоследна

Македонската претставничка на Зимските Олимписки игри во Сочи денес го имаше својот настап на крос-кантри трката на десет километри и заврши на претпоследната позиција.

Марија Колароска крос-кантри трката на десет километри ја започна со реден број 75 од вкупно 76 натпреварувачки колку што беа пријавени на стартот и патеката ја заврши со време 44:46 минути.

16-годишната Колароска заостана зад победничката Јустина Ковалчик од Полска со 16 минути и 28 секунди. Ковалчик трката ја заврши со време 28:17.8 минути, зад неа беше Шарлот Кала од Шведска со заоустанување од 18 секунди, а бронзата ја освои Тересе Јохауг од Норвешка со време 28:46.1

Зад 74-то пласираната Колароска единствено останаа скијачката од Србија, а пред неа имаше натпреварувачки од Иран и Того. Воопшто не стартуваше претставничката на Доминика.

Колароска по завршувањето на трката

13 февруари 2014 - 12:25