Кинезите го исценирале „најолимпискиот момент“

Се сеќавате на „најолимпискиот момент на Олимпијадата"? Епа Кинезите знаеле дека Лиу Ксијанг е повреден и имале однапред подготвено сценарио за целата ситуација.

Кинеската национална телевизија CCTV знаела дека Лиу Ксијанг не е подготвен да ја истрча трката на 110 метри со пречки и ја исценирале трката така што Ксијанг ќе стане херој во Кина.

Според еден кинески весник, Ксијанг бил повреден уште пред трката, а националната телевизија знаела за тоа и наместо да ја открие вистината, решиле неговиот трагичен пад да го претворат во триумфална приказна која ќе биде инспирација за цела Кина.

Тие тврдат дека кинеската национална телевизија имала подготвено четири сценарија. Сценариото со плачење на коментаторскиот тим на CCTV било едно од нив.

Лиу Ксијанг стана херој во Кина откако стана првиот Кинез кој освои злато на атлетска трка откако триумфираше на трката на 110 метри со пречки на Олимписките игри во Атина во 2004-та година.

24 август 2012 - 11:31