Како се роди легендата

Денес седум-кратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер полни 45 години. Во моментов најуспешниот возач во историјата на спортот е во кома и се бори за својот живот.

Дебито на Шумахер во Белгија во 1991 со болидот на Џордан.

Првата победа на Шумахер во Белгија во 1992 со екипата на Бенетон.

Во 1994 ја освои првата титула додека возеше за Бенетон.

Во 1995 година Шумахер успешно ја одбрани титулата пред Дејмон Хил.

Се пресели во Ферари во 1996 и покрај тоа што тимот последен пат имаше освоено титула во 1979.

Ја освои првата победа со Ферари на дождливото Гранд при во Шпанија.

Во 1997 ја загуби тесната битка за титулата со Жак Вилнев.

По несреќа на британското Гранд при во 1999 ја скрши ногата.

Успешно се врати на патеките по повредата и ја освои третата титула и прва со Ферари во 2000 година.

По титулите во 2001 и 2002, во 2003 година освои рекордна шеста шампионска титула.

Германецот доминираше во 2004 како никогаш претходно за освојување на седма титула.

Го најави своето пензионирање во 2006 по неуспехот против Фернандо Алонсо.

Но се врати во Мерцедес во 2010.

Единствен подиум пред по втор пат да се пензионира му беше во Кина во 2012.

2012: „Можам уште да се натпреварувам со најдобрите, но време е да кажам збогум. Сега ќе уживам во животот по Формула 1.“

3 јануари 2014 - 09:02