Фетел ја однесе победата во Бахреин

Актуелниот светски шампион, Германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешната трка од Формула 1 шампионатот во Бахреин. Веднаш, исто како и минатата година, зад него се пласираа Раиконен и Грожан.

Исто како и минатата година, Себастијан Фетел победи на четвртата трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1 на патеката Сахир во Бахреин, а во реприза од минатогодишната трка, на пиедесталот повторно до Фетел застанаа Раиконен и Грожан од екипата на Лотус.

Фетел доминираше скоро од почетокот на трката и низ целта помина во 1:36:00.498 часа со што ја забележа 28-та победа во неговата кариера.

Победникот на минатонеделната трка, Фернандо Алонсо по сите проблеми и 4 влегувања во боксот, на крајот мораше да се задоволи со 8-та позиција.

Следна на календарот е трката за големата награда на Шпанија на 12 мај.

Резултати од трката во Бахреин:
1. Себастијан Фетел - Ред Бул 1:36:00.498
2. Кими Раиконен - Лотус + 9.111
3. Роман Грожан - Лотус + 19.507
4. Пол ди Реста - Форс Индија + 21.727
5. Луис Хамилтон - Мерцедес + 35.230
6. Марк Вебер - Ред Бул + 35.998
...

Генералени пласман за возачи:
1. Себастијан Фетел 77
2. Кими Раиконен 67
3. Луис Хамилтон 50
4. Фернандо Алонсо 47
5. Марк Вебер 32
6. Фелипе Маса 30

Генерални пласман на констуктори:
1. Ред Бул 109
2. Лотус 93
3. Ферари 77
4. Мерцедес 64
5. Форс Индија 26
6. Мекларен 23

21 април 2013 - 16:10