Две лакрдии на Ролан Гарос

Прво синоќа 21-годишниот француски тенисер Максим Аму кој е 287-ми на АТП листата демонстрираше животински нагон со водителката Мали Томас, а синоќа и друг француски тенисер правеше циркус.

Младиот тенисер Аму во разговор за “Евроспорт“ после поразот во 1. коло на Ролан Гарос од Пабло Куевас 0:3 (3-6, 2-6, 4-6) неколку пати се обиде да ја бакне новинарката Мали Томас. Управата на еден од најголемите турнири во историјата на тенисот и најелитен турнир го оценила неговиот потег како непримерен, му ја одзела акредитацијата и го оддалечила од турнирот.

„Тоа негово однесување беше примитивно и за жал ги рефлектира односите меѓу мажот и жената кои постојат во секојдневниот живот. Да не бевме во пренос, ќе го удрев“, изјавила новинарката Томас.

Вчера и друг Французинот, Лорен Локоли одбил после поразот во 1. коло да се ракува со Словакот Мартин Клижан кој победил 3:2 во сетови (7:6, 6:3, 4:6, 0:6, 6:4).

„Два сета ми глумеше дека го боли ногата, а сега оддеднаш се растрча како зајак во петтиот сет“, рекол Локоли во паузата меѓу гемовите.

Французинот во петтиот сет направил двојна сервис грешка, а Словакот тогаш се радувал на глас поради то Локоли одбил да му пружи рака на крајот и го турнал.

31 мај 2017 - 11:00