Боксер суспендиран по фантомски нокаут

Николас Кејпс заработи суспензија откако одглуми дека е нокаутиран по само 13 секунди борба со поранешен рагби играч од НФЛ.

Реј Едвардс кој до пред 2 години беше професионален американски фудбалер (рагби играч) во НФЛ лигата реши да ја смени професијата и стана боксер.

Но проблемот е што по првите 2 победи, никој не сакал да боксува со него, па некој промотор го убедил Николас Кејпс кој кога видел против кого треба да боксува, решил да одглуми дека е нокаутиран по само 13 секунди.

20 февруари 2013 - 14:34