Блејк под истрага за часовникот од 500.000 долари

Јамајканецот Јоан Блејк го привлече вниманието на јавноста откако стана сериозна закана на спринтерските патеки за неговиот сонародник, Усеин Болт, но тој го привлече и вниманието на Меѓународниот олимписки комитет за часовникот со кој трча.

Рачно изработен часовник од познатиот Ричард Мајл може да му донесе сериозни проблеми на Јоан Блејк затоа што тој реши да трча на трката на 100 метри со овој часовник вреден 500.000 долари.

Спортистите кои се натпреваруваат на Олимписките игри во Лондон смеат на носат опрема само од официјални спонзори на нивните земји, а истото правило важи и за часовниците. Официјален спонзор на Олимписките игри е Омега, па Меѓународниот олимписки комитет започна истрага за тоа дали Блејк ги прекршил правилата.

9 август 2012 - 10:42