Прв пораз на Вардарки во Лига на шампиони

По извонредната серија од девет натпревари, ЖРК Вардар се соочува со првиот пораз сезонава во елитното натпреварување. Ништо страшно. Избраничниките на Дибирова остануваа први на табела.

Ракометарките на Вардар исто како лани, не успеаа да слават на гостувањето против Мец, но тогаш загубија убедливо со 14 голови разлика, а сега беа поразени со резултат 24:22.

Натпреварот беше неизвесен во сите 60 минути и ниту една од двете екипи не успеа да направи поголема разлика од два гола.

ЖРК Вардар водеше во поголем дел од првото полувреме, а на пауза на семафорот стоеше 10:10. Во вториот дел водството се менуваше наизменично, но домаќинките на крајот славеа благодарение на извонредната Марина Рајчиќ која имаше 19 интервенции

Најпрецизни во таборот на ЖРК Вардар беше Андреа Лекиќ со 5 гола, додека Радичевиќ, Кузњецова, Лазовиќ, Пенезиќ и Лакрабер завршија со по 3 гола. Кај Мец, лидер беше Заади со осум гола, додека Ана Грос заврши со четири погодоци.

На 2 март европскиот вицепрвак го пречекува Битигхајм.

25 февруари 2018 - 16:59