Македонија во група со домаќинот на европскиот шампионат

Ракометната репрезентација ги доби противниците за наредното Европско првенство во 2014 година. Избраниците на Обрван силите ќе ги одмерат против шампионот Данска, како и против Чешка и Австрија.

Македонската ракометна репрезентација ја посака среќа на денешната ждрепка и ги избегна непосакуваните силни селекции како Франција, Шпанија и Хрватска, но ќе оди на мегдан на европскиот шампион кој со гол во последните секунди на минатото европско ни ги урна надежите за пласман во полуфинале.

Македонските ракометари пласманот на европскиот ракометен собир го обезбедија пред една недела, кога во салата „Борис Трајковски" ја декласираа Португалија со 26:19. Селекторот Ивица Обрван идната година во Данска од 12 до 26 јанурари ќе го брани одличното петто место од Европското во Србија.

Распоред:

Група А: 1. Данска 2. Чешка 3. Македонија 4. Австрија

Група Б: 1. Шпанија 2. Исланд 3. Унгарија 4. Норвешка

Група Ц: 1. Србија 2. Франција 3. Полска 4. Русија

Група Д: 1. Хрватска 2. Шведска 3. Белорусија 4. Црна Гора

21 јуни 2013 - 19:02