Маестрален проектил на Лазаров со кој го однесе Нант во финале

Кире има 41 година и селекторски обврски, ама уште има топ во раката со кои решава натпревари. Каква спортска величина.

Последен таков е оној против Монпеље, кој го урна во финишот од средбата, вреден финале за Нант во Лига Купот на Франција.

Лазаров даде само два гола на мечот, но го постигна најзначајниот на 18 секунди пред крајот.

Монпелје имаше два гола предност во завршницата, но Нант успеа да се врати благодарение на двете извонредни одбрани на Емил Нилсен.

Потоа на сцена стапи Лазаров и даде голчиште од 9 метри за серија од 3:0 и триумф вреден финале.

Противник ќе им биде Шамбери Савоа кој пак во другото полуфинале го изненади ПСЖ.

18 декември 2021 - 22:12