Голман на Алкалоид направи лудачки слалом и постигна гол од игра

Пазете ја ситуацијава во кадетскиот шампионат на Македонија. Алкалоид останува со двајца ракометари во игра плус голманот, а Еуфорам Пелистер го има цел тим. Голманот Ѓорѓи Николовски прима топка од центар, прави дар мар и им дава гол во финишот од средбата. Цела екипа му се фрли внатре во гол, за храброста и дрскоста против битолчани.

Ова е јунакот кој пред четири месеци направи нешто слично, уште појако од ова.

При резултат 21:20 на гости против екипата на Бисинов од Велес, на 20 секунди до крај, тргна сам во напад и му донесе сигурно водство на својот тим за победа.

12 март 2024 - 15:11