Зошто на Лацио му лепат етикета дека е про-фашистички клуб?

Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.

Скандалот со Ана Франк придонесе во Италија неколку недели да се зборува за анти-семитизмот меѓу фудбалските навивачи. Некое време фотографијата на најпознатото девојче од концентрационите логори не се тргна од насловните страни на весниците.

Навивачите на Лацио беа осудени од сите високи политичари во земјата - од премиерот до градоначалничката на Рим. Во Италија станало непријатно да не се знае која е Ана Франк, а оние кои одбиле да изразат јасен став по тоа прашање, биле јавно осудувани.

Меѓутоа и овој случај уште еднаш потврдил дека новинарите се склони на нагли заклучоци и мошне лесно паѓаат во замката на историјата кога се зборува за фашизмот во калчото.

Што значел фашизмот за Италијанците?

Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, 1937 година

Во ХХ век имало страшни режими па поради тоа италијанскиот фашизам не бил суден во Нирнбергскиот процес. Италијанците станале жртви на креативноста. Позната е етимологијата на зборот fascismo којшто потекнува од италијанското fascio - сојуз/обединување. Fasci italiani di combattimento - Италијански сојуз на борба.

Каков бил односот кон ова идеологија во Италија?

Двосмислен е и силно варира во зависност од регионите. Неправилно е да се мисли дека тој е попопуларен на Северот. Некои луѓе, иако во малцинство, со носталгија се сеќаваат на тие времиња.

Во многу градови слободно стојат бисти со Бенито Мусолини, а неговата внука Алесандра (уште една роднина на познатата актерка Софи Лорен, ќерка на помалата сестра на познатата глумица) заседувала во парламентот, а еднаш била и второпласирана на избори за градоначалник на Неапол.

Таа не само што не го осудува својот чичко туку се гордеела со него и зборувала дека Бенито направил многу добро за земјата. Со некои тези се согласуваат дури и противниците на Мусолини. Вакво нешто е невозможно во Германија каде за мал обид на солидарност со Хитлер следува затворска казна.

Ако во 1940. година се прогласеле за неутрални, денес лесно би можело да има многу споменици на Мусолини. Италија требала да се придржува до стратегијата на Волдер Фреј, според која и Американците два пати триумфирале во војните на ХХ век. Тие чекале двете страни да доживеат загуби на ресурси а на крајот да му се присоединат на победникот.

При таков развој односот кон Дуче би бил поинаков - отприлика можеби како денес во Шпанија кон Франко: 50% одобруваат, 50% осудуваат. Но на крајот завршило како завршило - телата на Бенито Мусолини и неговата љубовничка Клара Петачи неколку дена виселе обесени наопаку на плоштадот Пјаца Лорето во Милано.

Што му дал фашизмот на италијанскиот фудбал?

Од првите денови режимот на Мусолини се занимавал со пропаганда на здрав начин на живот. По целата земја се граделе спортски објетки: гимнастичарски сали, базени, клубови, се организирале разни натпреварувања, пливачки и атлетски трки.

Во тоа време се воздигнати некои од денес постоечките големи стадиони - „Стадио Олимпико“, „Сан Сиро“ и „Комунале“ во Фиренца (денес „Артемио Франки“) - тие биле започнати или заврши во фашистичка Италија.

Била основана и Balila - школа со предзнак за „физички и здраво воспитание на младите“. Еден од нејзините дипломци бил и Џузепе Меаца - идниот капитен на Аѕурите и Светски шампион со Италија.

Во тоа време фудбалот станал национален спорт број еден а играчите официјално станувале професионалци и се легализирале трансферите од еден во друг клуб. Бил воведен и лимит на странци при што на терен можел да игра само еден странец а потоа востановиле целосна забрана. Тогаш се појавиле и првите Oriundi - играчи родени во странство од родители Италијанци (Хозе Алтафини, Антонио Анџелило, Омар Сивори).

Во тоа време е спроведена и голема работа за реорганизација на фудбалските структури - од Фудбалска федерација до Асоцијација на судии. На крајот било основано и единствено државно првенство. До тој момент имало многу регионални лиги - одраз на многувековната болка на Италија - кампанилизмот (љубовта кон родниот крај).

На почеток се појавила Divisione Nazionale, поделена на две групи, а од сезоната 1929/1930 стартувала до ден денес познатата Серија А.

Тогаш се култивирале и фудбалските термини како calcio, calcio d'angolo, rigore, fuoriogioco, terzino, mezzala и други термини без кои денес не може да замислиме ниту една новинска статија или ТВ студио.

Вистина ли е дека Мусолини навивал за Лацио?

За ова прашање во Италија се води децениски спор. Едно е можно да се каже со сигурност: Мусолини се сметал себеси за симпатизер на еден клуб, но не на Лацио. Да, тој имал членска карта на клубот, но неа тогаш ја поседувале најголемите луѓе во земјата кои се сметале за почесни академици.

А и зошто Лацио кога најпознатата фотографија на Мусолини на фудбалски стадион е направена во време на меч на Рома. Бенито сакал да го уништи Лацио со тоа што ќе го обедини со друг римски клуб. Неговиот син Романо (татко на Алесандра) навивал за Рома. Но од некоја причина многу Римајни сомневаат во љубовта на Дуче за „Џалоросите“.

Од народна точка на гледање, Мусолини ја симпатизирал Болоња затоа што ова е клуб од најголемиот град во регионот Емилија-Ромања. А Бенито е роден недалеку од Форли, град во овој реон. Од друга страна жителите на Ромања немаат баш топли чувства за Емилија која што го дава главниот град на оваа област. Според некои списи, Мусолини дури и планирал да ја забрани пастата за која што во Емилија имаат голема почит.

Главниот аргумент на приврзаниците на таа теорија е дека во 1925 година на ревачкиот меч за титулата меѓу Болоња и Џенова се преигрувал пет пати зошто „Рособлу“ не оствариле добар резултат.

Но Мусолини немал никаква врска со таа фарса. Благодарение на Леандро Арпинати - градоначалникот на Болоња и влијателен фашистички функционер, Болоња станала шампион. Најверојатна е теоријата дека Бенито Мусолини не навивал за ниту еден италијански клуб. Во младоста тој бил рамнодушен кон фудбалот, а тогаш се бира клуб од срцето.

За ова пишува и Стефано Греко - култен римски писател и новинар кој целиот живот се занимавал со изучување на влијанието на фашизмот врз навивачите на Лацио, а и сам некогаш бил ултрас:

„Бенито Мусолини не бил лацијал. Тој никогаш не бил ни лацијал ни романист. Него крајно ретко го гледале на стадионите, а кога доаѓал доаѓал на натпревари на Рома за што сведочат мноштво фотографии. Од друга страна вистина е дека имал членска карта од Лацио. Тоа се случило во втората половина на 1920-те години, во времето на Рено Ѕеноби - „претседателиште“ како што го нарекувале тифозите - не поради неговата дарежливост кон клубот туку зошто тој е прав татко на клубот, сопственик и дури диктатор на Лацио. Мусолини не бил навивач, но добро сфаќал дека фудбалот освен се околу него има големо социјално влијание за пропаганда.“

Од каде фашизмот е толку популарен меѓу Лацијалите?

Навивачкото движење на Лацио се родило во 1970-та година, тоест 25 години по смртта на Мусолини. Дури и по претседателството на генерал Вакаро.

Имено тогаш биле создадени првите групации од кои излегле и современите двигатели на Курва Норд - C.M.L, G.A.B.A., Viking, Eagles Supporters и други. Тогаш не сите од нив биле десничари, а земјата многу се изменила. Поради тоа не е верно дека врската може да се бара меѓу ултрас Лацио и Мусолини.

Обединувањето на подгрупите на Курва Норд (Северна трибина) се случило на почетокот на 1980’-те односно пар години по убиството на навивачот на Лацио Винченцо Папарели за време на едно римско дерби. Во 1970-та Италија ја зафатила рецесија. Земјата ја зафатил терор, се појавиле тн. “години на оловото“.

Црвените бригади (леворадикална група) се занимавала со убиства и добила морална поддршка од интелегенцијата. Притоа сите италијански влади биле лево-центристички. Првата десна влада на власт дојде во 1994 година кога премиер стана Силвио Берлускони.

Денес е тешко да се претстави, но во 1974 година кога „Бјанкочелестите“ го освоиле првото Скудето, малку кој од фудбалерите на Лацио излегувал на улица без оружје. Го носеле дури и кога излегувале по леб. Како што е денес мобилниот.

Дури и соблекувалната на тимот на Томазо Маестрели била поделена на неколку клана. Политичките ставови биле причина за раздор, Џиџи Мартини и Џорџо Кинаља ја симпатизирале десницата, а нивните опоненти - левицата. Неодамна новинарот Гај Кјапавенти издал книга за скудетото 1974 година и неслучајно ја нарекол „Топки и пиштоли“.

Поимот ултрас Лацио се појавил како отпор на толпата. Карактерот на идниот лацијал се раѓал уште од детството - во римските школи мнозинството деца навивале за Рома, и само 1-2 деца во класот биле за Лацио. Многу од симпатизерите на Лацио го идолизирале шпицот Кинаља (ден денес им е идол), па од таа причина и влечеле кон десницата.

Земјата ја зафатил бран насилства. Властите како левичари им оддавале почест на многу од партизаните. Токму тоа ги одбивало навивачите на Лацио да ја прифатат идејата на маса (како и не би кога од деца во школо биле отпораши).

Во време на Мусолини за Рома традиционално навивале имигрантите и работничката класа. За Лацио биле актери, новинари, генерали, поети. Во 1970-та веќе немало таква поделба, па кој се сметал себеси за елита, интуитивно ги бирал „небесно-сините“. Стремежот кон елитарноста на групите бил прв чекор на страната кон фашизмот.

Епохата на „екипата пиштолции“ ја формирала навивачката култура на Лацио. Десет години по неа настанала генерацијата „-9“ на тренерот Еуџенио Фашети. Тогаш економијата на Италија одново поочнала да расте (ја надминала и една Велика Британија).

Лидер на ултрасите на Лацио бил недамнешниот херој од уличните војни - Франческо Били Билоти. 

„Од татко на син“ е познатата парола посветена на првото скудето на Лацио. Кога групата почнала да се мрда кон умерениот центризам, тогаш се појавиле Irriducibili (до денес најсилната група на Curva Nord), група која што за цел го поставила враќањето на духот на романтиката од ’70-те.

Не чуди што многу фудбалери на Лацио периодично го исполнуваат римскиот поздрав пред Curva Nord, или на самата трибина меѓу навивачите.

4 јануари 2018 - 15:47